Шарлин од Монако: Како и зошто го доби прекарот - „најтажната принцеза во светот“?

Можеби поранешната олимпијка го замени капчето за пливање со дијадема и Јужноафриканската Република со живот во замок, но таа не живее како принцеза од бајките...

Пред една деценија, Шарлин скоро ја откажа венчавката, за која беа издвоени дури 75 милиони долари и која се славеше два дена, а беше напишано дека причината е што се покажало дека принцот Алберт станал татко на уште едно вонбрачно дете. 

Често се шпекулира и пишува за тагата во која живее Шарлин, а се верува дека сето тоа е поради неверството на принцот Алберт. Кога Шарлин се појави во јавност со избричена половина од главата, пред речиси две години, некои медиуми тоа го протолкуваа како бунт против нејзиниот сопруг.

Таа крена многу прашина во јавноста на денот на својата венчавка затоа што цело време плачеше и не можеше да се сопре, а многумина не веруваа дека тоа се солзи радосници. Тогаш всушност и го доби прекарот „најтажната принцеза во светот“.

Шарлин е 20 години помлада од Алберт и знаеше за неговата репутација како плејбој, а непосредно пред венчавката, поранешната љубовница на Алберт ја извести јавноста дека со принцот има две вонбрачни деца. 

Ни недостигаш мамо: Потресна слика од принцот Алберт и двете дечиња кои тагуваат за болната мајка го расплака светот

извор:GLOSSY

„Најтажната принцеза на светот“ се врати во Монако, новите фотографии загрижуваат: Целосно е скршена и не личи на себе, фановите загрижени!