Ѝ нуди 6 милиони долари: Дара Бубамара откри кој шеик ѝ се нафрла, и како таа реагира на пораките
Неодамна се пишуваше дека пејачката му паднала во очи на играч на Атлетико Мадрид
Дара Бубамара е позната како една од најатрактивните пејачки од балканската јавна сцена, а нејзиниот бурен љубовен живот често е тема на медиумите во Србија.
Имено, Дара неодамна раскина со две децении помладиот дечко Тони, а сега призна дека на Инстаграм добива понуди од Дубаи, од богати шеици, кои и нудат повеќе од 5 милиони евра, а откри и дали би прифатила таква понуда.
-Почнаа да ми пишуваат непознати, од некој шеик, ми понуди 5, 6 милиони, ништо не одговорив, го праќам во моето друштво, се потсмеваме, знаеш - тврдеше Дара за Ексклузив.
Да потсетиме, неодамна се пишуваше дека пејачката му паднала во очи на играч на Атлетико Мадрид, кој неодамна го продолжи договорот со овој клуб, па за четири години ќе заработи 48.000 милиони евра. За славниот спортист велат дека е толку приврзан за Дара што секојдневно и пишува на Инстаграм.