Обучени преку 1000 наставници по математика на ниво на град Скопје
Издавачката куќа Просветно дело секогаш се залага за развој и поддршка на наставниот процес во образовниот систем и во името на таа цел издаде збирки задачи по математика од прво до деветто одделение. Збирките задачи се изработени во согласност со наставната програма по математика за основно образование и се корисна алатка и мотивација за успешна реализација на наставата.
Вчера, денес и утре (3, 4 и 5 октомври), Просветно дело во соработка со Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и Природно-математичкиот факултет при УКИМ, Скопје, организираат Обука за наставници по математика од прво до деветто одделение на тема - Насоки за користење на збирките задачи по математика од прво до деветто одделение и вреднување на постигнувањата на учениците.
Обуките се одржуваат во киното Синаплекс, во Скопје Сити мол, од 3 до 5 октомври, од 9 до 12 часот.
На крајот од обуката, слушателите се здобиваат со Сертификат.
Со обуките по математика докажавме и покажавме дека користењето дополнителни дидактички материјали во наставата е неопходно средство за реализација на наставниот процес.