Пејачките на Србија, Шведска и Чешка – со најдобри креации на Евровизја: Избор на Цаци Паковска, која го осмисли стајлингот на Андреа

Добивај вести на Viber

Музиката и спортот се најдобриот начин за промоција на една држава и ваквите настани се предизвик за секој еден учесник. Според, стилиската Цаци Паковска

Евровизија е спектакл на кој вреди и мора да се учествува. 

- Тоа е место на кое се користи најсовремената телевизиска и сценска техника, нешто кое вообичаено немаме можност да го видиме и искусиме. Оваа година имавме можност да видиме сѐ,од едноставни до екцентрични изгледи, од рок музика до балади, од едноставни и креативни настапи до бомбастични, по малку вулгарни настапи – вели Паковска и дополнува дека токму таа шареноликост го прави овој фестивал уште попривлечен за публиката.

Таа го осмисли комплетниот стајлинг на македонската преставничка Андреа Коевска, кој модните стручњаци од балканските медиуми го истакнаа како еден од најдобрите на настанот.

-Во однос на стајлингот, на нашата претставничка, како и вообичаено секогаш поаѓам од песната, атмосферата што би сакале да ја пренесеме, како и стилот кој што би прилегал на самиот извесувач . Стајлингот никогаш не треба да биде наметнат, бидејќи во тој случај ќе биде очигледно дека пејачот неприродно се чувствува во својот изглед. Од таа причина, мојата идеја беше облеката никако да не доминира над Андреа и музиката, туку да биде едно надополнување. 

Со црните светкави фармерки, кратката блуза и мантилот од свилена органза, сметам дека се постигна целта. Мантилот беше изработен по мој дизајн, на себе имаше елегатни и спортски детали. Горниот дел од мантилот беше извезен со црна монистра и така се постигна сценската елеганција. Стајлингот не би бил комплетен без соодветна шминка и фризура, кои исто така беа моја креација, а изведени од професионален тим. Модерна, едноставна, елегантна и своја, би биле зборовите кои би го опишале стајлингот на Андреа – потенцира Паковска. која не е љубител на екцентрични театарски креации,кои се вообичаени за Евровизија.

- Сите мои омилени стајлинзи беа модерни, едноставни, а сепак, како што би рекле англичаните “with the twist”. Мои лични фаворити во однос на сценскиот изглед беа изведувачите од:

Србија


Азербејџан

Чешка

Шведска

Италија 


Литванија



– открива стилистката.

С.А.Н