„Се разбудив, се подготвив за работа и се породив. Не ни знаев дека сум бремена“: Во спалната соба, сама на свет донесе машко дете
Девојката по име Рива Краутер вели дека не ни знаела дека е бремена додека едно утро не се породила. Деталите од своето искуство ги открила на Тикток, каде раскажала и како реагирале нејзините родители.
Според неа, сè се случило пред една година. Контракциите ја разбудиле, но продолжила да се подготвува за работа, а потоа почнала да се породува. Во спалната соба , легнала на креветот и родила машко дете.
Таа вели дека се работело за таканаречена криптична бременост, кога жената не е свесна дека е бремена, до доцниот стадиум од бременоста или до породувањето. Таа забележала дека бебето се превртело во стомакот, па главата на детето „излегла“ последна. Кога тоа ќе се случи, една од препораките на лекарите е царски рез. Рива била сама во куќата додека се пораѓала.
Очекувано, родителите биле шокирани кога дознале што се случило, а денес и помагаат на Рива да се грижи за бебето, пишува The Sun.
Криптична бременост (или скриена бременост) е состојба која се јавува без вообичаените знаци на бременост или само неколку симптоми како утринска мачнина која може да се појави од осмата до 10-тата недела. Стомакот не е секогаш многу забележлив. Причините можат да бидат различни, од хормонални промени, одредени методи на контрацепција … а потенцијалните причини вклучуваат: синдром на полицистични јајници, перименопауза, употреба на контрацепција.
Бидејќи бременоста поминува незабележано, недостига грижа за трудницата и бебето, а може да не се забележат одредени здравствени состојби на мајката и детето. Потенцијалните компликации сè поголем ризик од предвремено породување, мала тежина при раѓање, раѓање без надзор, понекогаш фатален исход, како и негативно влијание врз психолошката состојба на мајката.
Фото:screenshot