Ѝ се слошило на мајка ѝ на Северина додека давала изјава во полиција: Еве зошто пејачката се уште не е сослушана поради тепачката со сопствената сестра
Сагата на хрватската пејачка продолжува
Мајката на Северина Вучковиќ, Ана, во петокот беше сослушана во Жупанискиот суд во Сплит.
Како што пишува 24 sata.hr, Ана дошла како сведок на тепачката меѓу нејзините ќерки Северина Вучковиќ и Маријана Поповиќ.
Со Ана дојде и адвокатот на Северина, а средбата со медиумите не се случи.
Инаку, пејачката не беше присутна бидејќи моментално е на одмор на Малдиви.
Се‘ уште не се знае што изјавила мајката на Маријана и Северина пред судијата на едночасовниот распит, но се вели дека на Ана во еден момент ѝ се слошило.
На суд прво била сослушана Маријана, па член на семејството, а на крај мајката.
Како што пишуваат хрватските медиуми, Северина не го известила судот дека нема да присуствува на распитот, но очигледно размислувала за се‘ штом наводно ангажирала адвокат кој наводно ја застапува нејзината мајка.
Откако ќе бидат сослушани сведоците ќе се одлучува дали против Северина ќе биде покренато обвинение.
Сè започнало кога загрепската полиција ја уапсила пејачката Северина Вучковиќ во август 2022 година, откако добила барање од полицијата од Сплит да ја приведе за истрага, објави тогаш Јутарњи лист. Наводно, тогаш дошло до физичка пресметка меѓу Северина и нејзината сестра Маријана.
Според жалбата на сестрата на Северина, Маријана, пејачката наводно се свртела кон неа пред очите на нивната мајка.
Како што пријавила Маријана во полиција, двете наводно жестоко се бореле и си удирале шлаканици.
Фото: Инстаграм