„Јас викнав Итна помош, Маријана беше целата крвава“: Првата сосетка на Северина ги откри деталите од страшната тепачка
„Таа удираше по вратата и се фрлаше на подот“
Сестрата на Северина Вучковиќ, Маријана тврди дека пејачката наводно се обидела да ја убие во станот на нивната мајка во Сплит, а сега се појавија нови детали од конфликтот.
Имено, сосетката на семејството Вучковиќ, Патриција, откри што слушнала во нејзина близина.
„Спиев, дојдов дома од работа и заспав и наеднаш слушнав како некој ѕвони и силно удира по вратата. Ја отворив и видов една госпоѓа на вратата - прв пат ја гледам. Таа ми рече дека ми е сосетка и дека се вика Маријана, ја прашав каде живее ми рече горе. Ја прашав што се случило и видов крв на рацете, а таа побара да се јавам на Итната помош и полиција. Јас повикав Брза помош“, раскажала сосетката Патриција на N1 за конфликтот меѓу сестрите Вучковиќ.
Таа вели дека Маријана постојано повторувала да повика брза помош.
„Ѝ дадов чаша вода, седеше таму и наеднаш падна на подот и повика помош и излезе надвор“, вели Патриција и додава дека еден од соседите отишол во станот во кој живее мајката на Северина.
„Мајката слезе и ѝ рече да стане, но таа ништо не направи, се преправаше дека е мртва“, раскажала сосетката.
Фото: Инстаграм - Северина
Поврзани вести:
- Сестрата на Северина проговори по инцидентот: „Консумира разни лекови, се обиде да ме убие, ги има тепано и Игор и Милан“- „Не ѝ е прв пат. Се фрли (сама) по скалите“: Се огласи мајката на Северина – откри страшни детали од конфликтот