Сестрата на Северина проговори по инцидентот: „Консумира разни лекови, се обиде да ме убие, ги има тепано и Игор и Милан“

Добивај вести на Viber

Маријана Вучковиќ тврди дека нејзината сестра Северина била дрогирана и се обидела да ја убие во станот на нивната мајка Ана во Сплит!

Вели дека поп-ѕвездата е толку агресивна, што дури и ги претепала поранешните сопрузи Игор Којиќ и Милан Поповиќ. Северина веднаш реагирала на обвинувањата на нејзината сестра и ѝ се заканила со тужба! 

Пејачката тврди дека сестра ѝ ѝ пакува лажна афера во договор со Милан Поповиќ кој сака да ѝ го земе синот Александар.

Маријана вчера за прв пат проговори по инцидентот во Сплит и упати грозоморни обвинувања кон нејзината сестра.

- Северина има убиствен инстинкт, агресивна е и луда! Таа ме избоде со остар предмет, а јас се бранев! После тоа не се јави на 911, што значи дека сакаше да ме убие. Моето семејство тешко се справува со неа, бидејќи консумира разни лекови, а не сака да прифати помош од психијатар и да оди на лекување - вели Маријана и додава:

-Постојано ги напаѓа семејството, наставниците, социјалните работници... Па, и бившите партнери Игор и Милан! Таа и физички ги нападнала.

Маријана веќе ја пријавила Северина, но, според неа, никој не реагирал:

- Сето тоа е последица на негрижата на институциите. Ја пријавив за малтретирање на нашата мајка Ана, како и закани кон мене. Тоа е сиромашна земја која дозволува такви лица да се појавуваат во јавноста.

Од друга страна, Северина, која беше прегледана во болница во Загреб поради болки во вратот, директно го обвинува Милан Поповиќ дека стои зад клеветите на нејзината сестра.

- Маријана лаже! Долги години не е дел од семејството, по своја волја. Не знаеме каде живее, не е во контакт со мајка ни... Ќе ме клевети и ќе поднесува лажни пријави! Седум години не сме се виделе! Одеднаш, пред речиси половина година се зближила со Милан Поповиќ, што и тој го потврдил во Центарот за социјална работа! Сите нејзини пријави беа проверени и одбиени - вели Северина.

Лоши односи

Северина додава дека Маријана е во конфликт и со ќерката која ја нема видено пет години:


Да потсетиме, Маријана пријавила во полиција во Сплит дека Северина ја претепала, па по пејачката била распишана потерница. Севе беше уапсена завчера на аеродромот во Загреб, а потоа овие обвинувања ги демантираше во седиштето на Криминалната полиција.

Милан ја поддржа Маријана

Милан Поповиќ јавно ја поддржа Маријана сестрата на Северина:

- Разговарав со неа и таа ми кажа што се случило. Згрозен сум, но не и изненаден. Отсекогаш сум имал добри односи со Маријана бидејќи таа е тетка на мојот син. Не само со неа, туку и со целото семејство Вучковиќ.

извор:informer.rs