Северина се огласи по инцидентот со сестра си: Со години ја малтретира сопствената ќерка

Добивај вести на Viber

Пејачката Северина Вучковиќ повторно преку својата адвокатка Јасминка Билош се огласи за конфликтот со нејзината сестра Маријана Поповиќ.

Реакцијата на Северина преку адвокатот ја пренесуваме во целост:

„Изјавите на Маријана Поповиќ испратени до медиумите се невистинити. Маријана Поповиќ долги години не е дел од нејзиното основно семејство, по своја волја. Со години не се знае каде живее, не одржува семејни односи, ниту со сопствената ќерка Миа, ниту со мајка ѝ, ниту со сестра ѝ Северина за која клевети и поднесува лажни пријави.

Имено, откако не ја видела својата сестра седум години, нејзината единствена ќерка пет години, а внукот не го видела во животот, одеднаш, пред речиси половина година, се зближила со Милан Поповиќ, што тој го потврдил на Центарот за социјални работи и инсистираше да се постапува по нејзините пријави.

Пријавите од Маријана Поповиќ против сопствената ќерка и Северина, иако тогаш не беа утврдени автентичноста на мејловите, ниту местото на живеење и контакт на Маријана Поповиќ, Центарот за социјални работи Подружница Максимир ги зеде предвид и директно ги провери наводит, а не ја утврди вистинитоста на тврдењата од извештаите. Истото го направи и Центарот за социјални работи Сплит.

Ќерката на Маријана Поповиќ со години била изложена на насилство и клевети од нејзината мајка, па минатата година ја пријавила во полиција во ПП Максимир, кога Маријана Поповиќ преку Милан Поповиќ ѝ испратила пакет со вознемирувачка содржина.

Според фактите што ги имаме, Маријана Поповиќ исценирала се. По неколку години непоканета дошла во станот на мајка си, ја малтретирала и физички ја нападнала Северина, ја навредувала, и нанела физички повреди, и го уништила мобилниот телефон и ѝ скинала ланчиња од вратот. Кога Северина во придружба на нејзината другарка си заминала, Маријана уште 45 минути ги малтретирала соседите, удирајќи им на вратите, фрлајќи се и се самоповредувала и инсистирала да дојде итната помош и полицијата да добие нејзината лажна кривична пријава. За се' има докази и сведоци.

Северина се воздржуваше од правна постапка против нејзината сестра бидејќи сметаше дека таа е само орудие на Милан Поповиќ, кој ја користи за свои потреби“, се наведува во соопштението.

извор:n1

„Не ѝ е прв пат. Се фрли (сама) по скалите“: Се огласи мајката на Северина – откри страшни детали од конфликтот


Северина е уапсена во Загреб: Сестра ѝ ја пријавила за физичко насилство, извор близок до пејачката има друга приказна