Светската музичка ѕвезда Бебе Реџа се врати во Дебар: „Семејството ми значи сѐ“

Добивај вести на Viber

Познатата музичка ѕвезда Бебе Реџа, по 12 години се врати во Македонија, поточно го посети градот Дебар, каде всушност е роден нејзиниот татко. Таа допатува со семејството, а помина еден цел ден со своите роднини. Покрај посетата на најблиските го посети и вечното почивалиште на својот дедо, бидејќи не можеше да присуствува на неговиот погреб поради музичката турнеја.

„По 12 години се вратив во родниот град на татко ми, Дебар, Македонија. Поврзувањето со моите корени и семејството беше многу емотивно. Особено значајна ми беше посетата на гробот на дедо ми, зашто не можев да дојдам на неговиот погреб, бидејќи во тоа време бев на турнеја. Семејството ми значи сè, и оваа посета ме потсети на важноста на нашата поврзаност“, напиша пејачката.

Бебе, е родена во Њујорк, таа на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од денот поминат со семејството.


Фото:Инстаграм

Р.Ж.М