Утринско кафе со Гере Трипков: Да се самомотивираме, да бидеме подобри и да јa "обоиме" сивата средина на живеење
Кафето обично го пијам со случаен минувач-колега или пред компјутер додека размислувам како да ја направам средината во која живееме подобро место.
Од една страна лицата од социјалната маргина кои и покрај сите спротивности и судбина секојдневно се борат за уште еден нов ден, нов здив, нова насмевка. Од друга страна ме мотивира секој еден заминат од државата, секој кој ја критикува државата наместо состојбите и како да се самомотивираме да бидеме подобри и да бидеме пример за оснататите и да јa "обоиме" сивата средина на живеење.
Проектите за подобро утре на лицата од маргината, на кои неуморно работиме со моите драги истомисленици, за креирање на предуслови за подобри, посреќни и поуспешни индивидуи и заедници. За ова сонувам, за ова дишам!
Денот го завршувам со вкусна вечера и друштвото на мојата сопруга и нашиот прекрасен мачор, персијаец Феликс. Читам книга, стручни трудови, нечесто ѕирнувам и накај телевизорот, слушам одбрана музика за отворање на чакрите и светопогледи.
* Гере Трипков - Тренер за личен развој и активист за човекови права *
Фото: Приватна архива