Утринско кафе со Јана Серафимова: Неуспехот можеме да го претвориме во среќа

Со оглед на моите работни обврски како водител на утринска програма, вообичаено денот ми почнува многу рано, околу 5.30, па затоа утринското кафе редовно го подготвувам и го пијам сама. 

Во работните денови немам многу време за некои посебни утрински ритуали со оглед на тоа што се подготвувам за емисијата што ми претстои, ама затоа за време на викендите пиењето на утринско кафе ми е вистинско уживање. Многу често ме чека подготвено кога ќе се разбудам, го пијам заедно со моите дома, секогаш со убав муабет и со каналот WH1. 

Ме мотивираат успешните луѓе, поточно ведрите и позитивни луѓе кои со убава енергија им пристапуваат на оние околу себе и на сите животни ситуации. Убаво е кога некој со своите постапки и однесување ќе ни покаже дека и неуспехот или потешкотиите во животот можеме да ги претвориме во среќа и успех само доколку вистински го сакаме тоа и дадеме сѐ од себе.

Денот ми започнува најчесто во студио пред камерите и имам исклучително убава улога да бидам утрински домаќин на Тв публиката, таа улога ја почитувам, ја сакам и ме прави среќна. Обврските во текот на денот ми се поврзани со подготовки на нови ТВ содржини, комуникација со голем број на луѓе, следење на новостите и случувањата. 

Секако, со цел сето тоа да им се пренесе на гледачите. Од приватните обврски најважна ми е грижата за моите најблиски, сите ситуации во кои што сум секогаш тука за да им помогнам и да ги поддржам луѓето што најмногу ги сакам.

Денот ми завршува доста рано, човек кој што станува во 5 си легнува најдоцна во 22, хахаха. Секогаш различно ми завршува денот, ама кога временските услови се убави редовно сакам навечер да сум надвор, во Дебар маало на кафе, во парк, на кеј. 


Заедно со Иван и со најблиските, меѓу кои посебно место имаат внук ми Алек, Мартина и Димитар.

 *Јана Серафимова, водител во ТВ 24