10 годишната љубов ја крунисаа со брак: Татјана и Михаил направија свадба

Добивај вести на Viber

Секогаш средена и елегантна, таква беше и на најпосебниот ден за една дама во животот. 

Официјално, Тв презентерката Татјана Стојановска стапи во брак со долгогодишниот партнер Михаил Китановски.



Татјана избра елегантна венчаница, во која буквално блесна на сопствената свадба, а нејзиниот сопруг избра сиво одело.


View this post on Instagram

A post shared by MoeStudioDadar (@moestudiodadar)



„Пред точно 10 години, на 10 јуни 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција, и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно. И точно на 10-годишнината од запросувањето, вчера стапивме и официјално во брак“, раскажала Татјана за  „Слободен печат“..

Свадбената веселба се одржала во во хотел „Александар Палас“.


ФОТО: Инстаграм Татјана Стојановска