10 помалку познати факти за клиторисот кои не сте ги знаеле

Добивај вести на Viber

Го откриваме значењето на клиторисот за женското задоволство, неговата улога во репродукцијата и самата сексуалност...

„Клиторисот не е копче, туку врвот на ледениот брег“, вели уметничката Софија Валас, а токму оваа изјава сликовито го открива значењето на клиторисот за женското задоволство, неговата улога во репродукцијата и самата сексуалност.

Во продолжение ви откриваме 10 помалку познати факти за клиторисот:

1. Клиторисот е само делумно видлив за окото, всушност е долг околу 10 см (како пенис што не е во ерекција), но три четвртини од него е скриен во телото на жената, некои би рекле како „закопано богатство“.

2. Клиторисот содржи преку 8.000 нервни завршетоци, па затоа е многу чувствителен на стимулација. Севкупно, тоа се двојно повеќе нервни завршетоци отколку што има на главицата на пенисот.

3. Клиторисот расте во текот на животот, а по менопаузата може да стане и до 2 и пол пати поголем отколку што бил во младоста.


4. Од 50 до 75 отсто од жените кои доживуваат оргазам за време на сексот со партнерот, тоа не можат да го постигнат без директна стимулација на клиторисот.

5. Единствената и ексклузивна функција на клиторисот е женското сексуално задоволство, односно еволутивно постои за жените да сакаат секс, а со тоа да ги зголемат шансите да имаат потомство.

6. Според научниците, постојат дури три типа на женски оргазам – оној кој потекнува од клиторисот, грлото на матката и точката Г во вагината. Некои експерти за секс веруваат дека точката Г е направена од исто ткиво како и клиторисот.

7. Женските гениталии често погрешно се нарекуваат исклучиво вагина. Ако сакате да ги комбинирате клиторисот, усните и вагината заедно во соодветен термин, правилно е сето тоа да се нарече - вулва, што е латинско име за надворешниот дел на женските генитални органи.


8. Клиторисот е различен од жена до жена, а додека кај некои е скриен под „усните“, кај други ѕирка на горниот или долниот дел од „надворешните усни“.

9. Истиот тип на стимулација не одговара на секој клиторис, односно на секоја жена. Додека за некои, чкрапалото за оргазам е триењето горе-долу, други сакаат нежни кружни движења, а трети тапкање - како притискање на копче.

10. Околу 46,6 отсто од жените од сите возрасти мастурбираат барем еднаш месечно. Околу 65 отсто од нив велат дека тоа го прават едноставно затоа што можат и затоа што им одговара, за 31 отсто од нив тоа е ефикасен начин за намалување на стресот, а за 20 отсто одличен начин за релаксација кој им помага да заспијат. Околу 13 проценти од жените редовно мастурбираат за време на секс со партнерот.


FOTO: Freepik