10 причини зошто меѓународната Мастер програма по менаџмент и организација на Економскиот факултет – Љубљана, која се изведува во Скопје, е најдобриот можен избор!

Добивај вести на Viber

Дали сакате да напредувате во вашето бизнис окружување и да ги остварите вашите професионални цели со вистискиот избор на постдипломски студии?

Токму последипломските студии по менаџмент и организација, кои што се одржуваат во Скопје, на меѓународната бизнис академија наЕкономскиот факултет –  Љубљана (SEB LU– School of Economics and Business, University of Ljubljana) е одлична можност да станете дел од светската академска и бизнис заедница.

Одвовивме 10 причини зошто најдобриот избор за вашите постдипломски студии е токму оваа мастер програма.

1.  Економскиот факултет – Љубљана, е основан во 1946 година има репутација на најдобра високообразовна институција од областа на економија и менаџмент во Словенија.
Тој е единствениот факултет во Југоисточна Европа со највисоките меѓународни акредитации EQUIS, AASCB и AMBA, акредитации кои ги поседуваат помалку од 5% од бизнис школите ширум светот.
Според престижниот Financial Times, меѓународната Мастер програма по менаџмент и организација е рангирана во првите 96 најдобри “Master in Management”програми во светот.
Програмата е конципирана и наменета за економисти и за менаџерска наобразба на професионалци од други области: инженери, правници, фармацефти, лекари ...
Од 2005 год. оваа меѓународна последипломска програма по менаџмент и организација се одржува во регионалниот центар во Скопје, при што професорите доваѓаат од Љубљана и ги одржуваат предавањата и испитите во центарот во Скопје.

2.  Економскиот факултет – Љубљана е рангиран на 45-то место на светската листа на бизнис школи.

3.  По завршувањето на студиите, добивате светски призната академска и бизнис диплома на англиски и на словенечки јазик, која е валиднаво целиот свет.

4.  Мастер програмата веќе 15 години се одвива во Скопје, каде високо позиционирани професионалци и менаџери од познати компании и банки ги поставија темелите на своите идни успеси и кариерен напредок.

                                 

Пријавувањето е веќе во тек, дознајте повеќе на овој линк.

5.  Со завршивање на мастер програмата по менаџмент и организација стекнувате специјалност по Ваш избор во областа на: економија, финансии, маркетинг, стратегија, менаџирање, управување со човечките ресурси, преговарање, проактивно мислење и креативно дејствување. Стекнатото знаење и искуство, по магистрирањето, е на ниво на извршен директор во компанија, фабрика, здравствена установа, институција, агенција ...

6.  Во академската 2020/2021 предавањата ќе се реализираат динамично и хибридно со почитување на сите протоколи за безбедност во периодот на глобалната пандемија со COVID-19.  Првиот семестар ќе се реализира online во живо, а остатокот од студиите со можност за физичко присуство во живо во М6 Едукативниот центар во Скопје. Наставата и испитите ќе се изведуваат два пати во месецот, во петок попладне и во сабота предпладне.

7.  Англискиот јазик  е и официјален јазик на студиите, а сите посдипломци ги добиваат потребните материјали и последни изданија на предвидените учебници од Англија и од САД.

8.  Мастер програмата по МЕНАЏМЕНТ и ОРГАНИЗАЦИЈА ги содржи следните 15 предмети:

Микро и макро економија, Бизнис околина, Организација и менаџмент, Стратешки менаџмент, Логистика и оперативен менаџмент, Финансиски менаџмент,  Маркетинг за менаџери, Менаџмент на човечки ресурси, Системи за поддршка на одлучување, Преговарање, Бизнис истражување, Сметководство за менаџери, Економски менаџмент и три изборни предмети, по избор на студентот, од областа на финансии, маркетинг, човечки ресурси, здравствен менаџмент ...

За искуствата кои ги нуди MBA мастер програмата зборувавме со дел од професорите.

9.  Со цел да се постигне висок квалитет на наставата, бројот на студенти во една генерација е ограничен до 25 студенти.  Најзначаен доказ се искуствата на тие кои ја завршиле програмата, меѓу кои се Христина, Дарко и Ана кои што имаа неколку работи да ви кажат за меѓународната мастер програма на School of Economics and Business (SEB LU), University of Ljubljana.

Христина Лозаноска, оснивач и сопственик на ВИТА Институт, неодамна порача: „Исполнети очекувања! Мора да кажам дека сум задоволна што го вложив времето и енергијата.“

Ана Стојаноска, помлад соработник во Комерцијална Банка АД Скопје. „Го добив најдоброто знаење кое што можат да ни го дадат и е незаменливо. Јас сум сигурна во мојот избор и се надевам дека и други ќе го направат.“

Дарко Петровски,  основач и сопственик на Talent Business Incubator Step Upи претседател на Македонска асоцијација за човечки ресурси. “Тоа што го научив на магистерските студии на Економскиот факултет – Љубљана во Скопје навистина ми помогна во професионалниот и во личниот живот да си поставам и да постигнам висок систем на вредности.“

10.  Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma”.

Направете го првиот чекор кон вашето професионално и кариерно усовршување и пријавете се на следниот линк.

https://bit.ly/apply_here_IBAmaster

За дополнителни информации обратете се до регионалениот координатор на Економскиот факултет –  Љубљана SEB LU во Скопје, Мелита Секуловска.

Mobile phone (Viber & WhatsApp): +389 (0)70 338 570

Skype: melita.sekulovska

Email: melita.sekulovska@ef.uni-lj.si