12 начини дека не живеете живот од срце

Добивај вести на Viber

„Како луѓето ги третираат другите луѓе е еднаков одраз на она што го чувствуваат кон себе“- Пауло Коељо

Секој однос кој го имаме може да се набљудува како одраз на односи кои ги имаме со себе и квалитет на оној однос кој зависи од нас.

Верувајќи си себе, слушајќи ги сопствените мисли, чувства и емоции, стануваме веродостојни и тоа ни дава прекрасна шанса да ни стане убаво во сопствена кожа. Сепак, кога не ни се допаѓа она што сме, ние тоа го порекнуваме бидејќи не можеме да се прифатиме себе.

12. Осудувате

„Животот е огледало и ќе ви го покаже со милост одразот на она што го мисли“ - Ернест Холмс

Запамтете-секој пат кога му се истресете на некој, без разлика дали е зад негов грб или во лице, вие се среќавате со аспект на својата сопствена мрачна страна.

11. Барате потврда од други луѓе

Ние бараме внимание и потврда од другите кога нешто ни недостасува. Имаме празнина која е потребно да се пополни, а без соодветниот алат и интроспекција да ја разбереме и ублажиме причината, бараме надворешни реакции.

10. Се ставате себе на последно место

Кога правиме работи за другите луѓе тоа може да ни донесе радост и задоволство, но постои света себичност која не можеме да ја занемариме.

9. Често правите работи кои не ги сакате

Без разлика дали тоа е работа, стил на живот или однос, продолжување на истиот енергетски циклус кој не служи за ваше поголемо добро, не само што не е здраво туку може да предизвика ментални и емоционални проблеми, како анкциозност и депресија.

8. Лути сте

Вашите основни потреби не се задоволени и вашето его ви дава јасно и гласно до знаење дека мора малку подобро да се погрижите за себе.

7. Премногу им дозволувате на другите да ви кажуваат што да правите во вашиот живот

Секогаш добиваме совети од некој, родители, пријатели, соработници, шефови.
Работата е во тоа дека не може да се забавувате со мисли без да ги прифатите.

6. Зборувате бели лаги

Дури и најмала лага е одраз на сопствена самодоверба. Никогаш не се понижувајте себе за да импресионирате некој.

5. Ги прикривате своите емоции

Во обид да ги потопиме нашите емоции, ги отфрламе нашите инстинкти со употреба на алкохол, дрога, цигари, и се друго што може да се користи како дистракција. Најголема трагедија е во тоа што кога избереме да го заборавиме лошото, го забораваме и она доброто.

4. Не можете да го поднесете лошото кое доаѓа заедно со доброто

Не може да додавате вода во полна лажица. Кога не сме во можност да ги пуштиме минатите искуства работејќи на нив емоционално, психички и духовно, чувствуваме како едноставно да не можеме да поднесеме ништо лошо или мислиме „ако се случи уште нешто лошо , јас тоа едноставно не можам да го поднесам“.

3. Строги сте кон себе

Ние сме совршени онакви какви што сме.

Мораме да си простиме се што сме направиле некогаш од незнание и тогаш можеме да нурнеме во љубовта , да се прифатиме себе и да го пуштиме товарот. Тоа е како  товар кој предолго го носите-испуштете ја торбата.

2. Не и верувате на својата интуиција

Сите ние имаме инстинкти. Внатрешниот глас кој не води кон донесување одлуки е наш избор дали ќе го послушаме или не.

Изберете го она што ви служи.

1. Не го следите своето срце

Вашето срце знае многу пред вашиот свесен ум да ги обработи вашите чувства. Секогаш ќе добиете внатрешно знаење дали треба да продолжите со некои животни ситуации или не. Сепак, вообичаено е тоа да се предвиди поради емоционални прекини на мозокот кој го заматува вашиот ум и ве насочува поинаку.

Тоа е обично причината зошто секогаш се зборува дека никогаш не би требале да донесувате непромислени одлуки. Секогаш дајте си време да ги издвоите чувствата или внатрешното знаење од своите емоции и кога тоа го направите - верувајте си себе. Верувајте им на своите инстинкти  и имајте доверба-знаејќи дека се во животот и љубовта секогаш наоѓа начин.