„14 години пливаме заедно … во солени и слатки води“: Ненад и Горана слават годишнина од брак

Добивај вести на Viber

Еден од најпозитивните водители од утринската програма на Телевизија Телма, кој заедно со неговата колешка Катерина Тодевска – Спасиќ знаат како да ви го направат утрото да ви тргне во позитива, Ненад Ѓорѓиевски има повод за славење.

Водителот и неговата сопруга Горана прославија годишнина од брак.

„14 години пливаме заедно … во солени и слатки води. Среќна годишнина!“, напиша Ненад на заедничката фотографија направена на плажа.

Ненад и Горана ги имаат близнаците Љупка и Иво, кои оваа година ќе наполнат 9 години.

„Иво и Љупка се родени предвреме, некаде при крај на 31 вата недела од мојата бременост. Цели три месеци пред породувањето морав да мирувам во буквална смисла, што подразбираше дека станувањето од кревет треба да е сведено на минимум. Тежок е периодот на неизвесност, кога ја добиваш информацијата дека во секој момент може да се случи породувањето, а бебињата се се уште недоразвиени. Нашите близнаци се родија многу мали, 1330 грама и 1500 грама, но со одлична оцена. Се задржаа одреден период на одделот за неонатологија во болницата каде што се породив. Си знаминав сама од болница, тоа за мене беше вистински шок, особено поради фактот што тоа беше моја прва бременост“, раскажа Горана во интервју за Женски магазин.

Фото: Инстаграм
РЖМ