15 факти дека ќе бидете најдобри пријателки за цел живот

Добивај вести на Viber

Искреното и верно пријателство е најпрекрасната работа на светот. Да, некогаш вашата другарка може да ви оди на нерви, но знаете дека би направиле се за неа, како и таа за вас.

Ова се 25 знаци кои јасно ви даваат до знаење дека вие две сте најдобри пријателки веќе многу долго време.

1. Вашите родители знаат сè за неа. Не само името и презимето. Знаат каде живее, каде работат нејзините родители, а вашата мајка го има нејзиниот телефонски број меморирано во контакти.

2. Кога одите на кафе или во ресторан, во 90% од случаите, точно знаете што ќе нарача.

3. Сте биле заедно на одмор/викенд.

4. Секогаш први се јавувате една кај друга во итен случај.

5. Знаете премногу за нејзините врски како и најинтимни детали за нејзиниот сексуален живот.

6. Доколку една од вас се пресели во друг град/држава, и се видите по неколку месеци, чувствувате како меѓу вас ништо да не се изменило.

7. Во случај таа да не е дома може слободно да се напиете кафе и да помуабетите со нејзината мајка (секако, не откривајќи ниедна од нејзините тајни).

8. Се разбирате со поглед.

9. Во вашиот плакар имате парче облека кое ѝ припаѓа нејзе.

10. Вашите непријатели се и нејзини непријатели, и обратно.

11. Имате куп скриени шеги кои само вие ги разбирате.

12. Знаете дека на вашата свадба таа ќе држи здравица, ќе игра на стол и најверојатно на крајот на веселбата ќе биде најпијаната меѓу сите гости.

13. Кога ќе забележите стари жени како одат по улица или пијат кафе, се замислувате себеси по 50 години.

14. Нема теоретска шанса да ви го утне подарокот за роденден (барем не ненамерно).

15. Во моментов ѝ се јавувате на телефон да ѝ кажете што сте прочитале и колку е неверојатно тоа што поголем дел од горенаведеното важи за вас две.