19 години историја: „СИСТИНА“ ги поместува границите во здравството

Добивај вести на Viber

Пред 19 години на 14 февруари 2001 година се отвори првата специјална болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“ како вистински синоним за љубовта кон жената и идните поколенија. Брендот „Систина“ донесе нова димензија во здравството, преку најдобра грижата за пациентите, со примена на најсовремени методи и технологии.

Болницата, која во 2001 година почна со гинеколошка дејност низ годините прерасна во високореспектирана клиничка болница „Аџибадем Систина“, дел од најголемата здравствена групација во Југоисточна Европа „Аџибадем“.


Во своите рани почетоци, со просторен капацитет од 2.000 квадратни метри и две операциони сали, болницата ги применуваше светските трендови во областа на гинекологијата и акушерството, а на своите пациенти  им овозможи услови за пријатен болнички престој. Покрај породувања, во болницата  се извршуваа сите гинеколошки интервенции, дијагностицирање и лекување на брачна неплодност, како и револуционерната постапка на  вонтелесно оплодување.

ПРВОТО ИН ВИТРО БЕБЕ 

На 19 јуни 2002 година се  роди Ангел, првото бебе од епрувета. Со тоа „Систина“ стана пионер во воведување на најсовремените техники во гинекологијата. Од самите почетоци на болницата медицинскиот тим беше составен од врвни докажани професионалци кои зад себе оставија многу успешни приказни. 

17.000 НОВИ НАСМЕВКИ ВО „СИСТИНА“

Од отворањето на болницата „Систина“ до денес родени се близу 17.000 бебиња, а со тоа остварен е сонот на илјадници семејства.Низ годините болницата се развиваше, а со тоа и растеше довербата кај пациентите. Освен од земјава, во „Систина“ доаѓаа и пациенти  од регионот.

ВО 2010 ГОДИНА  „СИСТИНА“ ПРЕРАСНА ВО КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

Во моментите на успех, деновите во кои брендот „Систина“ добиваше сѐ поголеми димензии ги прошири капацитетите со сериозна инвестиција во здравството и прерасна во клиничка болница која на 7 април 2010 година ги отвори вратите за своите пациенти.

Во ноември 2010 година болницата КБ „Систина“ потпиша договор за афилијација со најголемата здравствена групација во југоисточна Европа „Аџибадем“, а за една година оваа успешна соработка прерасна во заедничко партнерство.

Во 2012 година КБ „Аџибадем Систина“ стана втор најголем синџир на болници во светот, малезиската групација IHH.

„Систина“ во изминативе 19 години испиша историја во здравствениот сектор и натаму продолжува да ги поместува границите со воведување на најсовремените протоколи во лекувањето и грижата за пациентите.