20-ТИНА ДЕЦА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ И ВО КОЗЛЕ СО ТЕШКИ ПНЕВМОНИИ: Треба да видиме дали се пост-ковид компликации, д-р Стојановска со детали

Добивај вести на Viber

Откако беше вклучен алармот за зголемен број на деца во Општата болница Гевгелија со симптоми на респираторната инфекција кои според тамошните лекари не се типични за овој период од годината, денеска има информација и од Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во Скопје, дека таму, пак, исто така има 20-тина хоспитализирани дечиња со тешки долнореспираторни заболувања.

Д-р Лидија Стојановска, педијатар во Институтот за Фактор појаснува дека кај сите овие дечиња, кои се од доенчка возраст, па се до 2-3 години, инфекцијата трае подолго, односно самото лекување трае повеќе денови од вообичаено.

-Станува збор за дечиња со тешки долнореспираторни инфекции кои се резистентни на терапијата, заради што текот на лекувањето е подолг. Обично сите пневмонии за седум дена се лекуваат, но тука сега лекуваме и до 10, 12 дена. Ваквите долнореспираторни инфекции се карактеристични за зимскиот период, така што можам да кажам дека ова е нешто сосема невообичаено и нетипично  за овие летни месеци. Инаку, сите примени дечиња кои ги лекуваме тука, имаат негативни тестови на Ковид-19, бидејќи како и досега, откако почна пандемијата, ПЦР тестот е главен протокол при прием во болница. Она што треба да го направиме, за што и дискутиравме со стручниот колегиум е да видиме дали станува збор за пост-ковид компликација. Веќе е докажано дека најголем дел од децата, инфекцијата со корона вирусот ја поминаа асимптоматски, но сметам дека треба да се направат антитела, за да видиме дали имале контакт со вирусот и дали ова сега со кое се соочуваме е навистина пост-ковид компликација, посочува д-р Стојаносвка.

Детали читајте на Фактор тука.