28-годишна девојка има тромботична реакција: Примила прва доза на АстраЗенека во Србија
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по повод стартот на масовната вакцинација соопшти дека одлуката да не се вакцинираат лица под 60 години со АстраЗенека е од претпазливост.
-Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одием полека но сигурно и во таа смисла ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна. Веќе денеска од Германија има други најави дека ќе се продолжи со вакцинацијата, но по направена косултација со лекар. Затоа сакаме да бидеме навистина претпазливи. Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност при Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, со која што сакаме да размениме соодветни информации, евентуално до Европската Агенција за лекови и деректно до германското министерство за здравство, рече Филипче.
Читајте детали на Фактор, тука.