3 причини зошто купувањето цвеќе за себе е секогаш добра идеја

Што е тоа што ве спречува да уживате свежо цвеќе на вашата маса секој ден?
Всушност, повеќето жени одбиваат да се „почестат“ со цвеќиња, верувајќи дека тоа секогаш треба да биде подарок од некој „посебен“.

Сепак, во духот на пролетта и убавото време, издвојуваме три причини зошто треба да го смените ова тврдоглаво мислење.

1. Цветовите навистина прават да се чувствуваме посреќни.

Многу студии потврдија дека дури и мал букет на вашата работна маса дома или во вашата канцеларија навистина го подобрува вашето расположение.Поради тоа што ќе се чувствувате посреќни и со тоа ќе го елиминирате стресот, а букетите се и исклучително фотогенични.

2. Внесете природни мириси во вашиот простор.

Квалитетот на воздухот во големите градови генерално е незадоволителен. Пред да посегнете по миризливи стапчиња или вештачка технологија за освежување на просторијата, сепак ве советуваме да размислите за лаванда, букет убави лалиња или мирисен божур.

3. Цветовите се подарок со кој никогаш нема да погрешите.

Купување цвеќиња за себе, драга пријателка, сестра, мајка, баба, братучед, колега, дефинитивно е полн погодок затоа што цветните аранжмани, според нивниот дизајн, можат да бидат вистински уметнички дела. Најдобар пример за ова се можеби аранжманите со кои модната индустрија ги разубавува своите јавни настани.

Ова лето, облеката со цветен принт е во тренд, сепак, тоа не значи дека цвеќињата треба да се чуваат само во гардероба.


извор:cosmopolitan