30 фотографии од избришаниот Инстаграм профил на Меган Маркл

Поранешната актерка Меган Маркл се омажи за принцот Хари и стана официјален член на британското кралско семејство.

Ако претходно ја следевте Меган Маркл на Инстаграм или Твитер, сигурно забележавте дека овие профили се избришани. 

Познато е дека ниту еден член на кралското семејство нема лични профили на социјалните мрежи. Единствен исклучок е профилот „Кенсингтон Ројал" креиран од принцот Хари, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а кому сега му се придружи и војвотката од Саксес, Меган. Ова е главниот извор на официјални информации за тоа што се случува во и околу замокот Кенсингтон, и наместо обични, тие објавуваат професионални и архивски фотографии. 

Од времето, уште во 2016-та година, кога се појавија првите гласини за нејзината романса со принцот, Меган Маркл престана активно да објавува слики на Инстаграм, па целосната деактивираност на страницата беше само прашање на време.

Погледнете ги најимпресивните фотографии на Меган Маркл објавени на нејзиниот профил на Инстаграм, пред тој да стане историја.