Интервјуа // Интервјуа
ИНТЕРВЈУ ЖИВКИЦА: Посакувам да дојде време во кое ќе заборавиме на политиката!
Таа е брзозборката која порасна на телевизискиот екран. Мала и динамична. Додека минуваше низ емисиите за забава, квизови, го калеше своето искуство на мајка. Сега е мајка на Даријан, Марко и Ана, но и „родител“ на Тунел, проект кој ги третира ранливите категории во нашето општество. Близнак во душа, која се сака себеси, но и тие кои се дел од окружувањето. Предадена како партнерка, секогаш знае како да се избори за времето на љубовта. Сака патувања. Сака да најде и добро да го потроши времето за себе. Со Живкица Каленикова разговар авме за минатото, сегашноста, нo и предизвиците кои ја очекуваат.
Женски Магазин Пораснавте на телевизискиот екран. Ве запознавме на МТВ. На што се сеќавате од времето на Вашите почетоци?
Живкица Се сеќавам како денес да беше, чувството на огромна исполнетост. И среќа секогаш кога ќе се спомнеше телевизија, а уште повеќе кога започнав да го живеам мојот сон т.е да станава полека реалност. Колку и да звучи клише, навистина бев опседната со магијата на телевизијата и од мала сонував дека тоа е нешто што навистина сакам да го работам во животот. Моите почетоци се поврзани со еден навистина инспиративен период, за дете кое ќе се најде меѓу докажани новинари професионалци, да се оправда дадената шанса, да се успее меѓу најуспешните.
Женски Магазин Покрај Македонс ката телевизија имавте прилика да работите и во Сител и телевизија Алфа. Во кој од овие медиуми се чувствувате најпријатно, онака како дома?
Живкица Кога заминав од МТВ, ја основав и Но лимитс продукција, преку која реализирав проекти кои се емитуваа на Сител, па со лиценцираниот квиз „Најслаба алка“ бев дел од Алфа телевизија и потоа повторно дома:). Во периодот кога си заминав од МТВ, ја запознав и магијата на радиото. Имав можност да истражувам на едно ново поле, медиум, но сосема поинаков за мене. Во радиото ја немате магијата на сликата, туку само магијата на звукот, гласот. Тоа се покажа како едно навистина одлично искуство. Траеше околу 13 години, почнувајќи од стар фм, Сити радио, па Метрополис радио мрежа. Кој знае, можеби еден ден повторно ќе застанам зад радио микрофонот, но сепак во моментов, телевизијата останува моја прва љубов.
Женски Магазин Битките во медиумите малку ја „фатија“ и вашата кариера, пред скоро деценија. Дали во тие моменти сакавте да се откажете од градењето на телевизиска кариера?
Живкица Работа, учење, посветеност, истражување, почит, ова се дел од лекциите на кои се темелат основите на моето првично телевизиско искуство. Лекции кои би било убаво да се учат и денес, односно да се наметнуваат кај новите генерации. Ние навистина работевме многу посветено, учевме дали и колку вистински ја сакаме работата во медиум или е само обичен хир. Морам да бидам искрена и да забележам дека и од тоа време не има навистина многу, кои сме дел од оваа работа и ден денес. Сериозна е моќта на медиумите и навистина ми е жал што многу работи се искривија низ годините, кога се во прашање медиумите: Ова посебно кога имаме сведоци за едно навистина поинакво време за значењето на медиумите и работата во нив. Да, точно е дека времето на превирања ме зафати и мене. Тогаш решив и да заминам од македонската телевизија, која навистина ја сметам за свој дом, место каде пораснав се изградив како водител и новинар и каде ја добив животната шанса. Но, кога имате средина која ве оптоварува, подобро да си заминете отколку да изгинете:) тоа е барем мое мото
Женски Магазин Жиле сите ја паметат како „брзозборка“. Успеавте ли малку да го намалите тоа темпо?
Живкица Брзото зборување е дел од мојот карактер. Сите ние имаме свои обележја:). На почетокот кога учевме и вежбавме говор итн. Лилјана Крстева се обидуваше да ме коригира кога е во прашање брзината. По неколку гафа, бидејќи се обидував вештачки да ја коригирам брзината, а мислата си течеше, сфативме дека навистина е подобро да си остане моето темпо, такво какво што е. Потоа Лилјана ми велеше добро е што јасно и читливо зборуваш, нека остане така:)
Женски Магазин Политичарите ка ј нас се главни ѕвезди. Сте посакале ли некогаш да станете политичарка?
Живкица Искрено, навистина жалам што толку многу политиката навлезе во сите сфери на нашето живеење. Растевме во време кога не знаевме ниту едно име на политичар, добро Тито го знаевме сите. Посакувам и нашите деца да го доживеат тоа време, кога повеќе ќе ги знаат имињата на научниците, уметниците, писателите, спортистите…
Женски Магазин Последниве годи ни сте активни со проект Тунел. Колку сте задоволни со него. Може ли со него да се урнат бариерите во нашето општество на одредени чувствителни теми? Сакаат ли луѓето да зборуваат за своите „рани“ јавно?
Живкица Ова е проект на кој сум особено горда. Мојата одлука се покажа како правилна. Горда сум особено затоа што навистина успеавме да реализираме еден добар дел од она што како идеа или концепт го имав на хартија подолго време. Првично кога ја презентирав идејата на луѓето околу мене, имаше сериозен прашалник околу тоа како мислам дека ваков тип на емисија ќе помине кај нас, луѓето не сакаат да зборуваат многу за себе и своите приказни, посебно болните теми, па кој тоа ќе сака да го гледа итн. Сите тие прашања само ми потврдуваа дека сум сигурна во намерата да го реализирам проектот, а времето и реакциите од публиката ќе покажат дали сме на вистинскиот пат. По 4 години многу напорна работа, желба да се успее, навистина сум горда што „Тунел“ е тука, зборуваме на теми кои беа табу, се обидуваме да ја подигнеме свеста кај луѓето за различностите, дека не треба да судиме, да помогнеме ако можеме, да дадеме шанса на луѓето на кои животот не ги милувал. Луѓето со хендикеп заслужуваат фер третман и на крајот од денот, не знаеме што тој ќе донесе. Затоа светлината на крајот од тунелот заслужува да ја најде секој кој вистински посакува да ја најде.
Работев добар дел во забавните редакции на проекти и емисии поврзани со забава, музика, квизови итн. Но морам да признаам дека пораснав со овој проект и како новинар и како човек. „Тунел“ го носам во срцето и мислам дека ќе има уште успешни емисии, ако даде бог. Се надевам и на проширување во делот за општествената одговорност, која мора да ја имаме што повеќе.
Женски Магазин Од кој медиумски лик најмногу сакавте да научите за својата професија во медиумите?
Живкица Многу сум благодарна и срекна што ја имав таа шанса и среќа да учам од легенди кои немаа комплекси ниту фрустрации, туку несебично сакаа да подучуваат нови генерации за кои веруваа дека ќе остават печат на некое време. Повторно ќе речам се градев како водител и новинар, кога кај нас имаше имиња кои оставија силен печат во медиумите. Од сите тие учев многу, Александар Сидоровски беше мој ментор, мој втор татко кој навистина ме научи. Тоа е човек кому идеи за сценариото му текнуваа во секунда:)
И да, Опра Винфри е мојот рол модел
Женски Магазин Астролозите род ените во знакот на Близнаците ги карактеризираат како динамични, ведри, досетливи. Тие се способни секоја приказна да ја претстават на свој начин со што придонесуваат да бидат главни во секое друштво. Колку од карактерните одлики на овој знак, препознавате како ваши?
Живкица Прилично личам на близнак:). Брзина, досетливост, смеа и желба за патувања и дружби се дел од моите карактеристики и навистина. Понекогаш почнувам повеќе работи во исто време и тоа е сериозен притисок. Морам да бидам искрена и да споменам дека во последно време почнува да ми пречи ако не можам да завршам сè на време, но се снаоѓам и пливам некако.
Женски Магазин Каква е Живкица како партнерка, како сопруга? Колку во името на љубовта, понекогаш ја намалувате својата брзина?
Живкица Тоа ќе треба сопругот да ви одговори. Се обидувам да бидам вистински посветена и присутна и како сопруга и како мајка. Денешниот живот е мошне динамичен, има многу барања, но верувам дека има време, ако се сака да се најде, буквално за сè.
Женски Магазин Кои се вашите тајни љубовни ритуали со кои ја негувате љубовта?
Живкица Важно ми е да ја негувам и хранам врската и љубовта која ја имаме со сопругот. Важно ми е да бидеме вистински партнери и пријатели, да се почитуваме, да си бидеме тука еден за друг во секое време. Разговори долги, отворени и искрени, решавање дилеми и полемики со чаша вино, гледање добар филм, слушање музика, патувања, ова се дел од работите кои ни значат многу и на двајцата. Децата се круна на љубовта, тие се најдоброто од нас. Сепак многу е важно дали и со кого ќе го делиме животот, кога децата ќе си заминат по својот пат.
Женски Магазин Со сопругот патувате често. Некогаш со семејството, но некогаш и сами. Кое место ве освоило на тие патувања?
Живкица Навистина многу сакам да патувам, но и целото наше семејство. Мислам дека сите треба да патуваме, што почесто. Така се запознаваме со сè она што е околу нас. Еден излет, па нека биде и до најблиското место, може да направи многу за нашиот ум и расположение. Искрено, многу убавини крие нашата мила Македонија. Уживам во Маврово и неговата убавина, ја сакам многу Италија, има места кои навистина сакам да ги видам или одново да им се вратам, ама вистинско изненадување и сосема поинакво искуство беше посетата на Шкотска. Се восхитив од живописната природа и еден сосема поинаков начин на живот.
Женски Магазин Вашето семејство е поприлично богато. Како се снаоѓате во улога на мајка?
Живкица Да, навистина имаме убава бројка од деца дома:) Во улогата на мајка, верувам се снаоѓам како и секоја друга, станувате жена лавица, правите сè што сте мислеле дека нема да можете, наоѓате сила да бидете и лекарка и учителка, и тешителка и другарка и …;) Навистина е многу благородно, а воедно и едно сосема поинакво животно искуство да се биде мајка, родител. Се обидувам да бидам тука за нив, покрај нив, но да бидам тука и за себе и за сопругот. Се обидувам да им помогнам да пораснат во одговорни, исполнителни, благодарни и еманципирани луѓе, но сепак, останатото останува на нив. Нека бидат живи и здрави, да уживаат вистински во животот, да му се радуваат на секој нов ден и предизвиците што доаѓаат. Да го откријат својот сон и да целат кон исполнување на истиот, е тоа е она сто им го посакувам од срце.
Женски Магазин Во кој од вашите наследници се препознавате себеси најмногу, во ќерката или синовите?
Живикца И кај Даријан и Марко и Ана препознавам по нешто свое, по нешто од тато. Но, посебно се радувам на нивните особености, она сто ги прави посебни, и тоа секој на свој начин.
Женски Магазин Како се роди приказната за Хелен Дорон? Дали тоа беше на ваша иницијатива или беше идеја на вашата сестра?
Живкица Со мојата сестра имаме франшиза за изучување на ран англиски јазик во Центар, или франшиза за Хелен Дорон методот, дел кој морам да признаам поради моите обврски повеќе го покрива таа. Децата се многу благородни и навистина е убаво да се биде дел од нешто што придонесува за нивен развој и едукација. Нешто што ме исполнува на еден сосема поинаков начин. Ништо поубаво од насмеани искрени детски души околу вас.
Женски Магазин Како најчесто ги трошите минутите кои ги имате како само ваши? Колку во вашиот дневен распоред има слободно време?
Живкица Многу значи да направите нешто за себе во текот на денот, па нека биде тоа и едно кафе, сами во мир и тишина. Велат кога ќе ви биде пријатно, кога сте сами со себе и кога нема да се чувствувате осамено во тие моменти, значи дека сте на добар пат:) Верувам дека сум на добар пат. Сакам шопинг генерално, но големите гужви и турканици во последно време некако ми пречат.
Велат почитувајте го вашето тело и ум, ќе ви биде благодарно во подоцнежните години. Тоа сакам да правам искрено. Малку физичка активност, убави позитивни мисли, ако можеш помогни, не одмагај. Тоа се дел од нештата кои ги правам во моето слободно време и кои ме одржуваат да останам здрава и позитивна:)
За Женски Магазин, Вики Чадиковска
Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин