,

4 важни особини кои мора да ги барате кај мажите

Добивај вести на Viber

Кога барате „господин совршен“, тогаш сигурно ќе се сретнете со многу мажи кои не потсетуваат на она што сте го замислиле. Но невозможно е да се најде совршен маж, бидејќи таков не постои. За да не се грижите премногу, имајте ги на ум овие четири карактеристики кои може да ви помогнат. Смисла за хумор Без разлика колку мажот е привлечен и згоден, вашата врска нема да биде долготрајна ако нема смисла за хумор или ако е премногу сериозен. Освен тоа, мажот кој може да ве насмее ќе ви помогне да не ги сфаќате сите работи премногу сериозно. Маж без предрасуди Луѓето со предрасуди може да бидат доста тешки. Да се има мислење е сјајна работа, но човек кој е целосно затворен за нови идеи и мислење на други воопшто не е добар и не заслужува да го поминете својот живот со него. Човек со цели Мажите кои немаат цели или тежненија во животот и кои го поминуваат речиси секој слободен момент пред телевизор (денешните пред смартфон) , во кафе бар или обложувалница, не може да се викаат мажи. Со оглед на ова, стојте подалеку од нив.   Маж со големо срце Ако мажот нема добро срце и добра душа, без разлика на тоа колку е згоден или успешен, не би требало да биде ваш избор. Барајте маж кој е посветен на семејството и пријателите. Внимателните луѓе не се плашат од своите чувства, па ако најдете некој кој е ваков, не пуштајте го!