,

4 чекори до јасен вид со ласерска корекција на диоптрија

Добивај вести на Viber

Денес, со напредокот на технологијата, многу едноставно и лесно може да се реши скоро секој проблем. Во таа смисла, диоптријата веќе многу едноставно може да се отстрани со кратка и безболна интервенција која е секогаш ефективна и дава изненадувачки резултати.

Ласерската корекција на диоптрија се смета и за најпопуларна метода за симнување на диоптријата кај младите лица затоа што е многу брза. Таа трае само 10 минути и тоа за двете очи, а по интервенцијата се оди дома само со очила за сонце. Нема потреба фластери, завои или пак да се стравува дека може да има било какво крварење.

Враќањето на секојдневието е од 2 до 3 дена, како што велат од Систина Офталмологија  „Периодот на закрепнување е доста краток и најчесто е од 2 до 3 дена кај секој пациент бидејќи на самото око нема рана. Додека периодот на адаптација на новиот вид може да трае и до неколку дена и повеќе, и по потреба може да се издаде неделно мирување за пациентот да може да се навикне на новиот вид. Шокот по интервенцијата е нормална реакција кај секој пациент поради позитивната промена која ја доживуваат односно дека гледаат без очни помагала.“

Доколку и вие размислувате за оваа интервенција, треба да знаете неколку работи.

Првиот чекор е да се открие дали вие сте кандидат за ласерска корекција на диоптрија.

Систина Офталмологија прави детален очен преглед познат како преглед за ласерска корекција на диоптрија и се смета за најдеталниот преглед во офталмологијата.

„Овој преглед трае до 2 часа и се испитува дали пациентот ги исполнува критериумите да е кандидат за оваа интервенција како на пример: стабилна диоптрија – диоптријата треба да не се менува минимум 1 година; дебелина на рожница; возраст на пациентот; дали имаат дополнителни состојби кои може да предизвикаат проблем и сл. Овие детали пациентот не може точно да ги знае освен ако претходно направил ваков преглед. Затоа што овој преглед е толку детален, истиот е гаранција за успехот на интервенцијата – од кое најмногу се плашат пациентите. За полесно да сфатат  која промена ги очекува нашите офталмолози може да направат и симулација на видот кој ќе го добијат пациентите по интервенцијата за точно да знаат што ги очекува.“

Ако сте кандидат за оваа интервенција, одлично за вас. Втор чекор е интервенцијата.

Ласерската корекција на диоптрија ја имаат направено и многу славни личности како Бред Пит, Тејлор Сфит, Никол Кидман и сл., кои ако размислиме доколку постоеле посериозни можни компликации од оваа интервенција сигурно не би се нафатиле.

Од Систина Офталмологија велат дека интервенцијата е толку брза што пациентите секојпат коментираат дека само што влегле во операционата сала додека се свестат тие веќе завршиле со интервенцијата.

„На денот на интервенцијата уште еднаш се прави проверка на видот и се разговара со пациентот за неговата одлука. Секогаш ја имаме предвид и емоционалната состојба на пациентите и нивните барања и стравови, бидејќи сепак иако за нас во Систина Офталмологија оваа интервенција е рутинска, на пациентот му е прв пат. Сакаме да бидат сигурни во својата одлука, да знаат дека се во сигурни раце и дека ние сме тука за нив.“

Кога ќе сте во сала, може ќе се изненадите, но вие сте свесни и разговарате со офталмологот додека се одвива интервенцијата. Не чувствувате болка бидејќи претходно ви се ставаат анестетски капки и ви се објаснува што се случува за да бидете во тек.

Интервенцијата завршила додека се свестите од возбуда и си одите дома само со очила за сонце.

Следен чекор  е да одмарате и да не ги триете очите на денот по интервенцијата и да ги следите насоките на офталмологот. Следниот ден имате задолжителна контрола и потоа за неколку дена зависно како ќе се договорите со офталмологот.

Возрасната граница за оваа интервенција е од 18 до 40 години, доста ретки се случаите да се направи над таа возраст. Систина Офталмологија препорачува друг тип на метода за корекција на диоптрија со вградување на посебни леќи во тие случаи.

„За секој пациент е најважно да се избере метода која ќе ги исполни неговите очекувања, која воедно треба да е и медицински поткрепена. 99% од нашите пациенти секогаш велат дека се каат што порано не се одлучиле за ласерската корекција на диоптрија.“

Животот е премногу краток да го ставите на пауза поради било која причина, но особено поради заматен вид бидејќи само 10 минути ве делат од јасен вид. Четвртиот чекор е ако се одлучите за ласерската корекција на диоптрија да се обратите во очна болница која има долгогодишно искуство и голем број на извршени интевенции за да бидете сигурни дека вашата очна состојба ќе биде точно дијагностицирана и решена, и дека интервенцијата ќе биде успешна.

ПР објава