4 комбинации за помалку од 4 минути: Ана Ивановиќ воодушеви со модни предлози за преодниот период

Добивај вести на Viber

Секогаш беспрекорно облечена, српската спортистка направи мала модна презентација за своите следбеници на Инстаграм

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ е позната по својот исклучителен стил, кој секогаш е во согласност со најновите трендови, но и одмерен и со правилен баланс кога станува збор за нагласување на фигурата.

Популарната спортистка ги воодушевува своите следбеници на Инстаграм од ден на ден, особено женскиот дел, со своите модни избори, па одлучи да ни покаже како ја замислува идеалната комбинација за ноќно излегување со сопругот Бастијан Швајнштајгер, 

како би се облекла кога ќе излезе преку ден во град, на пример

 каков стил ќе избере да се опушти на кафе со пријателки 

и лежерна комбинација за прошетка со синовите Лук и Леон.

Ова Ана го подготви во вид на видео во кое смени четири варијанти на облека, како предлози за комбинации во уличен стил. 



извор:GLOSSY

Може да ве интересира:

Здрав чоко-банана десерт по рецепт на Ана Ивановиќ: Брза подготовка и совршен вкус
Домот на Ана Ивановиќ е вистински рај: Може ли да погодите кое е нејзиното омилено катче?