Неодолив љубовен гест: Што сѐ прави Бастијан за среќата на Ана Ивановиќ

Добивај вести на Viber

Од почетокот на врската со Ана Ивановиќ, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер прави се' за да ја воодушеви неговата партнерка. Тој ја придружуваше низ целиот свет за време на нејзините тениски натпревари, поддржувајќи ја од трибините.

Тој целосно ги „купи“ фановите на Ана кога на неговите копачки го напиша нејзиното име, датумот на почетокот на нивната врска (5 септември 2014 година), зборот „душо“ и српското знаме.

По четири години брак, Бастијан е уште поинспириран да и удоволува на својата сакана - а на неа останува само да ужива.

Така тој објави како и' подготвува сок од лубеница додека таа ужива на плажа со книга.


Парот се венча на 12 јули 2016 година во Венеција, а круна на нивната љубов се нивните два сина, Леон и Лука.

Ана не крие колку е задоволна од изборот на нејзиниот сопруг, па честопати му испраќа емотивни зборови на социјалните мрежи.

- Мојот соиграч, силно рамо - и најдобриот татко. Не можев да замислам подобар татко за нашите две мали момчиња - напиша Ана на „Инстаграм“.