5+ Нов станбен кредит од Охридска банка Сосиете Женерал

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио воведува нов станбен кредит со 5 години фиксна каматна стапка. 

Па така, сите клиенти кои ќе аплицираат за 5+ станбениот кредит добиваат одлични услови достапни во целиот период од отплатата на кредитот. 

Овој станбен кредит им овозможува на клиентите гарантирана каматна стапка, и тоа, во првата година во висина од 3.10%, во втората и третата година од отплатата каматната стапка е исто така фиксна и е во висина од 3,30%, во четвртата и петата година од отплатата на кредитот каматната стапка останува фиксна и непроменлива и изнесува 4.55%. По навршувањето на петата година, каматната стапка е варијабилна и пресметана врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор (Euribor). 

Па така, за станбен кредит од 30.000 евра, со рок на отплата од 240 месеци, износот на фиксната месечна рата во првата година ќе изнесува 174 евра, ратата во втората и третата година ќе изнесува 178 евра, во четвртата и петата година од одплатата на кредитот, ратата ќе биде повторно фиксна и ќе изнесува 195 евра, додека пак месечната рата по петата година ќе изнесува 210 евра. 

Сите клиенти кои ќе аплицираат за 5+ Станбениот кредит, за време на промотивниот период кој трае до 30.04.2019 година, ќе бидат ослободени од административните трошоци и нотарските трошоци. 

Со цел постојана грижа за клиентите како и обезбедување дополнителна вредност на сите банкарски производи, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за „5+ станбениот кредит“ да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: делумниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот или за целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот. 

Повеќе информации за поволностите и понудите клиентите можат да најдат на новата веб-страница на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, на социјалните мрежии во експозитурите на Банката ширум земјата.