5 причини за да јадете ф'стаци: Голем непријател на лошиот холестерол и значителен помошник при забавување на стареењето
Овие мали и зелени плодови се моќен сојузник во забрзување на метаболизмот, голем непријател на лошиот холестерол и значителен помошник при забавување на стареењето.
Ф’стаците во себе кријат огромни предности за нашето здравје поради кои тие заслужуваат важно место во секојдневната исхрана.
1. Го намалуваат лошиот холестерол
Консумирањето на ф’стаци за само неколку дена го намалува лошиот холестерол до 20 проценти, за што е одговорно токму големото количество на антиоксидансот лутеин, со кој овој плод изобилува. Всушност, антиоксидансите го спречуваат продирањето на холестеролот до крвните садови и ги спречуваат воспаленијата.
2. Забрзување на метаболизмот
Ф’стаците се одличен извор на влакна. Во само 100 грама се наоѓаат 10,3 грама диетални влакна кои се пресудни во забрзувањето на метаболизмот и олеснувањето на проблемите со варењето.
3. Регулатор на шеќерот во крвта
Тие се одличен регулатор на шеќерот во крвта. Една чаша ф’стаци содржи дури 60 проценти од препорачаната дневна доза фосфор. Освен што овој минерал ги раствора протеините во аминокиселини, фосфорот исто така ја подобрува и толеранцијата на глукоза.
4. Ја зголемуваат сексуалната моќ
Дека ф’стаците ја зголемуваат сексуалната моќ кај мажите покажа и една студија во текот на која е докажано дека секојдневното консумирање на ф’стаци ја зголемува сексуалната моќ кај мажите за дури 51 процент за што се одговорни есенцијалните масни киселини. Тие помагаат при производство на сексуални хормони и го зголемуваат дотокот на крв во гениталиите.
5. Одлични во борба против брчки
Ф’стаците се рекордер помеѓу јаткастите плодови според големото количество на антиоксиданси кои се клучни за обновување на телото и поради кои тие се нарекуваат уште и природен ботокс. Пет до десет ф’стаци дневно се препорачуваат како одличен сојузник во борбата против брчките.
Извор: telegraf.rs