5 причини зошто да пиете вода со грејпфрут наутро
Многу луѓе го започнуваат денот со чаша топла или ладна вода со лимон. Здравствените придобивки се неспорни. Постои, сепак, уште еден тоник што го забрзува метаболизмот многу пати, a тоа е вода со грејпфрут.
Една стара поговорка вели дека грејпфрутот воведува ред во стомакот и ги топи масните наслаги а го балансира и целиот дигестивен тракт.
Затоа препорачуваме да го започнете денот со чаша топла вода и да додадете ½ сок од грејпфрут и лажица од рузмарин.
Зошто грејпфрутот е толку корисен:
1. Грејпфрут има ниска калорична содржина, но е богат со хранливи материи и витамин Ц.
2. Го намалува холестеролот, а со тоа и акумулираните наслаги.
3. Водата со грејпфрут ги чисти токсините на дигестивниот тракт, го контролира шеќерот во крвта, го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот и предизвикува губење на тежината.
4. Поради високата содржина на витамин Ц, грејпфрутот е особено корисен за заболувања од студ и грип.
5. Го зајакнува имунолошкиот систем и помага на треска, несоница, премногу работа, слабост, артритис.
Ако земате лекови, внимателно прочитајте ги или консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи грејпфрутот може да ги спречи да дејствуваат.