5 Причини зошто треба да изберете инвертер клима уред
Што е инвертер?
Инвертер технологијата претставува револуционерен изум кој го доминира пазарот на уредите од домаќинството на глобално ниво уште од самиот почеток. Кога станува збор за инвертер клима уредите, нивна главната карактеристика е нивната можност да ја контролираат и оптимизираат брзината на својот мотор.
Регулираната брзина им овозможува на единиците да ја одржуваат температурата без да го оптоваруваат моторот постојано да работи со максималниот капацитет. Ова значи дека инвертер единицата за климатизација е енергетски ефикасна и поекономична од клима уредите што не користат инвертер технологија.Сите клима уреди од портфолиото на Daikin ја користат инвертер технологијата, што во комбинација со R32 фреонот го прават овој бренд технолошки лидер на пазарот.
Регулираната брзина им овозможува на единиците да ја одржуваат температурата без да го оптоваруваат моторот постојано да работи со максималниот капацитет. Ова значи дека инвертер единицата за климатизација е енергетски ефикасна и поекономична од клима уредите што не користат инвертер технологија. Сите клима уреди од портфолиото на Daikin ја користат инвертер технологијата, што во комбинација со R32 фреонот го прават овој бренд технолошки лидер на пазарот.
Главни придобивки од инвертер климите:
Економичност
Како што напоменавме погоре, благодарение на оперативниот метод на инвертер климите, самиот мотор не работи постојано со максимален капацитет, со што ви овозможува помали трошоци и пониски сметки за струја.
Енергетски-ефикасни
Инвертер технологија се смета за најдоброто решение кога станува збор за економичноста и заштедата на енергија. Во инвертер технологијата, греењето и ладењето се автоматизираат непречено, и така и така овозможуваатзаштеда на енергијата, за разлика од поранешните технологии кои конзумирале голема количина на електрична енергија без оглед на употребата.Најенергетски ефикасен инвертер клима уред од Daikin e Ururu Sarara со А+++ категорија на енергетска ефикасност.
Подолг животен век
Оваа технологија покрај поголемата економичност и ефикасност, со оптималниот режим на работа, за разлика од другите технологии кои постојано работат “со полна пареа”, значително го зголемува животниот век на клима уредот.
Тивок режим на работа
Инвертер климите работат со многу пониски брзини, така што овозможуваат намалување на бучавата до 19dB што е практично нечујно за присутните во просторијата. Како за споредба, шепотот е со јачина од 20dB.
Перфектна температура за спиење
Инвертер климите ви овозможуваат мирен сон, со тоа што ја одржуваат постојана температурата во просторијата и притоа создаваат оптимална атмосфера за спиење.
За повеќе информации, посетете го daikin.mk и изберете го вашиот инвертер клима уред.