50 години во брак: Поради оваа промена повторно се заљубија еден во друг! (Видео)

Добивај вести на Viber

Џо и Кевин Тајлер се сретнале кога имале 14 и 16 години. И двајцата биле во тинејџерски години и оттогаш биле вљубени, а 49 години подоцна нивната љубов се уште е силна. Тие имаат пет деца, 14 внуци и 12 правнуци, и се уште заљубени до уши. Тие се најдобри пријатели, заедно се забавуваат и патуваат низ државата, со мотоциклот на Кевин.

И покрај тоа што си се допаѓаат кои се тие и како изгледаат, мала промена е токму она што им е потребно за Денот на вљубените. Тимот на стилисти успеа да ги изненади овие двајца љубовници.

Џо и Кевин претпочитаат удобност повеќе од стил и со текот на годините не обрнувале многу внимание на изгледот. И двајцата носеле широки алишта и имале долга коса, а Кевин имал брада до градите. Тој дури спомнал дека бил еднаш во конкуренција за најдобрата брада.


Стилистите сменија само неколку работи на нив,  и двајцата изгледаа фантастично, како да беа подмладени. Изразот на нивните лица кога се видоа е бесценет и вредеше за целиот труд – со нов изглед и нова облека.

Погледнете го видеото подолу за да ја видите оваа трансформација: