59 лица сместени во „Ибис Стајл“ – „Аџибадем Систина“ дава и медицинска поддршка
Вчера
во доцните вечерни часови во хотелот „Ибис Стајл“ (поранешна Мала Богородица - Систина)
се примени првите луѓе кои е потребно да се во изолација односно во карантин.
Станува збор за приватен капацитет кој на располагање на државата го ставија
„Орка холдинг“ и„Аџибадем Систина“. Од синоќа таму се сместени 59 лица кои во земјава влегле на Деве Баир и од
Косово. Во хотелот се и 6 полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16
вработени кои се менуваат на смени 24/7.
Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува и медицински персонал, поддршка и опрема. За лицата ќе биде обезбедена и храна. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик. Лицата со симптоми на Ковид 19 ќе бидат пренесувани со асистенција на Министерството за здравство во Инфективната клиника. Согласно ова, 4 лица кои вчера вечерта имаа покачена температура на проверката, веднаш беа испрати во Инфективната клиника.
“Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“ им се
заблагодарува на вработените кои покажуваат висока морална свест, лојалност и
солидарност и несебично се вклучени сега кога најмногу е потребно. За нив е
обезбедена заштитна опрема од Клиничката болница „Аџибадем Систина“
Како што веќе известивме двата хотели Ибис Скопје – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“ имаат капацитет од 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби се за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со 6 фамилијарни соби. Овие капацитети беа ставени на располагање без претходни услови, но сепак се заблагодаруваме на соработката со владиниот кризен штаб и известуваме дека трите оброци за изолираните лица ги обезбедува државата во вредност од 600 денари по лице. Сите останати трошоци за сместување, вработени и медицинска поддршка ги покрива Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“.