6 совети од психолозите од Харвард: Како да одгледаме добри деца

Добивај вести на Viber

Повеќето родители се уморни од слушање на тоа како модерната технологија има негативно влијание врз нивните деца. Веб-сајтовите се преоптоварени со информации за најновите методи и стратегии за воспитување на тинејџери во дигиталната ера.

Едноставните идеи, сепак, ги преживуваат предизвиците на време, продолжуваат да играат клучна улога во одгледувањето на сигурни, добри и одговорни деца. Затоа ги споделуваме следните шест совети од психолозите на Харвард.

Поминувајте време со вашето дете

Ова е основа на сè. Редовно треба да поминувате време со своите деца, покажувајќи интерес за нивните хобија и проблеми. И што е најважно, слушајте го она што го зборуваат. На овој начин, ќе дознаете повеќе за уникатниот карактер на вашиот син или ќерка, но исто така ќе им покажете како да искажат загриженост и внимание кон другите.

Секогаш кажете му на детето што значи тоа за вас

Според истражувањето спроведено од психолози, многу деца не знаат дека се најважни лица во светот за нивните родители. Тие навистина треба да ги чујат тие зборови од вас. Не заборавајте да им го кажувате тоа што е можно почесто. На овој начин тие ќе се чувствуваат безбедно, сакани и ценети.

Покажете му како да ги реши проблемите, а не да бега од нив

Ако вашето дете одеднаш одлучи да се откаже од фудбалска обука, побарајте од него да објасни зошто го прави тоа. Потсетете го дека има одговорност кон своите соиграчи. Ако сè уште сака да се повлече, помогнете му да открие нешто ново што повторно ќе ги запали неговите страсти.

Научете го да ви помага со нешто секој ден. Покажете му дека сте благодарни за неговите напори

Луѓето кои се навикнати да ја изразат својата благодарност, се со поголема веројатност да доживеат сочувство кон другите. Освен тоа се повеќе великодушни и сакаат да помагаат. Затоа вреди напорот да го научите вашето дете на серија од вештини, со кои ќе ви помага дома, а потоа - вие ќе му се заблагодарите. Психолозите советуваат да ги наградувате своите деца во случаите во кои манифестираат искрена добрина, како и заради напорите кои ги вложиле за да ви помогнат.

Помагајте му на вашето дете да се справи со негативните емоции

Вештината да ни е грижа за другите се потиснува од негативни емоции како лутина, омраза, срам и завист, велат психолозите. Помагајќи му на вашето дете да се справи со нив, тогаш ќе може да ги реши своите внатрешни конфликти. Самоанализа од овој тип ќе му овозможи да стане внимателна и загрижена личност. Освен тоа ќе помогне за психолошката стабилност.

Покажете му дека светот е многу поголем, покомплексен и поинтересен отколку воопшто што претпоставува

Психолошките студии покажуваат дека речиси сите деца се заинтересирани исклучиво од малиот свет на нивните роднини и пријатели. Важно е да се научат да покажуваат интерес за луѓе и настани кои се наоѓаат надвор од овој ограничен круг. За таа цел детето треба да е и добар слушател, да чувствува емпатија и да може да го гледа светот низ очите на другите.

Како заклучок - одгледување на учтиво, загрижено и сочувствително дете е навистина тешка задача. Но не и невозможна. Доволно е само да го сакате, за да го постигнете тоа.