60 секунди без Ковид-19: Меланија Трамп наполни 50 години

Добивај вести на Viber

Кој би поверувал, сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп има 50 години


Таа го прослави својот роденден со семејството во Белата куќа, со Доналд Трамп и нивниот 14-годишен син Барон.
На социјалните мрежи се појавија многу честитки до Меланија, придружени со фотографии.
„Америка е среќна што има ваква прва дама“, напиша новиот портпарол на Трамп, Кали Мекинани, на Твитер. И самиот претседател на својата официјална страница и го честиташе роденденот на сопругата. „Среќен роденден на Меланија, нашата прекрасна прва дама“, напиша тој.
„Вашингтон пост“ пренесува дека сопругата на претседателот е најсрамежлива од сите Први дами во историјата на земјата. „Се чини дека и е непријатно на јавни настани. Таа ретко го придружува сопругот, комуницира почесто со деца отколку со возрасните и скоро никогаш не дава интервјуа“, пишува весникот.

Според американските медиуми, Меланија е вклучена во многу добротворни активности, честопати посетува болници и им раскажува на децата за нејзината програма „Биди најдобар“, која промовира здрав начин на живот.


(ФОТО) Заева инспирирана од Меланија Трамп: Елеганција во Лондон