7 грешки кои ги правиме при купувањето костим за капење
Сите жени сакаат шопинг, освен кога се работи за бикини. Ви доаѓа да се откажете од купувањето како и секоја година, бидејќи немате време да се нервирате со тоа што ништо не ви стои доволно добро.
Сигурно ги правите овие 7 грешки при купувањето костим за капење, па затоа подгответе се за оваа сезона.
1. Се фокусирате на „покривање“ и на величината на етикетата
Не е важно дали гаќичките се S, M или L, важно е тебе да ти стојат добро и да се чувствуваш удобно.
2. Мислиш дека едноделните костими за капење се старомодни
Баш напротив. Едноделните костими се хит и баш се секси!
3. Избираш погрешен модел за твојот облик на телото
Разбери дека удобноста треба секогаш да ти биде на прво место!
4. Премногу се грижиш дали бикинито е „тренди“
Секогаш избери бикини кое ти се допаѓа и во кое изгледаш убаво, експериментирањето остави го за нареден пат.
5. Секогаш купуваш од истата продавница или истиот бренд
Секако дека имаш омилена продавница, но можеби во некоја друга за промена ќе го најдеш совршеното парче за твоето тело.
6. Не се сликаш
Сите оние фотки од познатите ѕвезди на Инстаграм во костими за капење не се за џабе. Кога се сликаш, гледаш како ти стои костимот за капење од сосема поинаков агол.
7. Се гледаш само под едно светло
Ако не можеш да се одлучиш како ти стои бикинито во соблекувалната, тогаш излези прошетај надвор од неа, и види како ти стои во „природно“ светло.