7 ПРАВИЛА НА МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Почитувајте го детето и кога згреши

Добивај вести на Viber

Марија Монтесори и припаѓа на онаа група педагози кои во текот на 20. век дале свој придонес за тоа како треба да се воспитуваат децата. Оваа Италијанка е позната по своите кратки и мудри правила кои можат да му помогнат на секој родител паметно и среќно да го воспита своето дете.

Да се биде родител во време кога децата се подложни на секакви надворешни влијанија е една од најтешките задачи. Мислите на Марија кои се однесуваат на родителите и нивните методи на воспитување на децата се креирани под претпоставка дека сите деца се исти, но не и родителите.

Ова се основните 7 правила според Марија Монтесори кои ќе Ви помогнат да бидете подобри родители.

1. Децата учат од она што ги опкружува

Околината во која детето расте првите три години се пресудни за целокупниот негов развој. Детето ги собира сите информации од околината што го опкружува, па затоа родителите треба да му овозможат слободно да ги истражува своите потреби.

2. Ако детето често е критикувано, така учи да ги осудува другите. Ако често добива пофалби, учи како да ги проценува другите

Целиот пристап на награди и пофалби на Марија Монтесори се однесува на тоа да му се покаже на детето како да се посвети на работата и како успешно да ја заврши истата. Најважно е детето да се чувствува задоволно, со тоа што нема да му бидат потребни додатни награди и пофалби.

3. Почитувајте го детето и кога згреши. На тој начин грешките побрзо ќе се исправат

Почитта кон детето е многу важен за неговата иднина и како ќе се изгради како личност. Важно е да му се даде слобода доколку одлучи да се занимава со некоја работа. Грешките се дел од учењето, па на детето треба да му се помогне самото да ги острани препреките и правилно да ја изврши задачата.

4. Ако детето живее во пријателска атмосфера и чувствува дека им е потребно на другите, ќе научи како да ја пронајде љубовта

Доколку детето живее во пријатна атмосфера каде се почитува неговото право на избор и интереси, тоа нема да развие фрустрации и ќе има поголема самодоверба.

5. Ако на детето му давате поддршка, ќе биде самоуверено

Сите деца имаат период кога нешто учат во животот. Овие периоди се ограничени, па затоа треба да го набљудувате детето и да го поттикнете лесно да ги совлада сите вештини кои го интересираат во моментот.

Секогаш бидете подготвени да му пружите помош на Вашето дете

6. Секојпат кога детето ќе ви пријде и Ве замоли за помош, внимателно сослушајте го. На детето треба да му се помогне самото да ја заврши задачата, без Вие да го направите тоа за него. Тоа подразбира многу време, труд и трпение од страна на родителот, но верувајте - резултатите се долготрајни.

7. Пред детето однесувајте се на најдобар можен начин. Покажете му како да биде најдобра личност која може да биде

Најважно е да се постапува добро со своето дете за и тоа постапува на ист начин со Вас. Така, не само што му помагате на детето да се развие како личност, но и го учите како треба да се однесува со другите луѓе. Марија Монтесори вели дека е тешко да се промени возрасен човек, па затоа треба да се почне со децата.