7 работи кои ги прави Меган Маркл за да остане во форма
Американската актерка наскоро ќе стане членка на британското кралско семејство, но и покрај фактот што свадбата е се поблиску, Меган Маркл ги одржува своите ритуали за вежбање. Нејзината мајка е тренер за јога, така што јогата ја практикува на дневна основа, а таа исто така се занимава со разни други активности што ќе ги откриете подолу.
Вежба јога
„Јогата ми е во крвта“ откри Меган за еден британски магазин. Нејзината мајка е тренер за јога, па таа ја практикува од мали нозе, а особено ја сака vinyasa јогата.
Трча
Јога практикува за сила, и кардио вежби правипреку трчање. Меган неодамна откри дека трчањето и е како активна медитација, бидејќи ѝ дозволува да ја избистри главата.
Тренира со пријателките
Кога се пресели во Англија, Меган почнала да оди со пријателките кај тренерот Расел Бетман, кој е еден од најпопуларните тренери таму.
Во текот на неделата јаде веганска храна
Додека работи во текот на неделата, Меган јаде само веганска храна за да се задржи во форма и да внимава на килограмите.
Ужива во нездрава храна за време на викендите
Меган е опуштена за време на викендот и си ја дозволува храната што ја посакувала во текот на неделата. Таа сака помфрит и тестенини.
Пие умерено
Повремено ужива во чаша вино, но никогаш не претертува со алкохол и не пие коктели и други висококалорични алкохолни пијалоци.
Таа секогаш наоѓа време за себе
Меган секој ден се обидува да најде барем еден час време за себе, за да го помине во релаксација и дружење со своите кучиња. Така ги полни своите батерии, по што е подготвена за нови победи.