Секогаш вреди да се зборува за храната која е природен афродизијак. Овие 8 намирници ќе ја подобрат вашата сексуална желба.
Спанаќ
Спанаќот може да се купи во продавници во текот на целата година, што му овозможува да биде уште еден од најквалитетните и најмоќни афродизијаци. Тој содржи многу магнезиум, што го зголемува протокот на крв и воедно допринесува за побрза возбуденост.
Црвено вино
Црвеното вино е силен афродизијак, дури е потврдено и од научници. Жените кои пиеле една до две чаши вино ја зголемиле својата сексуална желба во споредба со оние жени кои не пиеле ни една чаша.
Лосос
Лососот е богат со омега 3 масни киселини, кои воглавно се добри за здравјето. Освен тоа, конузмирање на лосос го зголемува нивото на допамин во мозокот.
Чоколада
Темната чоколада содржи фалвоноиди, кои го намалуваат стресот и ги опуштаат крвните садови, а исто така има благотворно дејство на сексуалната желба.
Бадем
Бадемот промовира возбудување кај жените. Содржи селен, цинк, а исто така и витамин Е, кој е вклучен во формирање на сексуалната желба.
Кафе
Кофеинот не само што го подига расположението и енергијата туку помага и во зголемување на нивото на допамин во мозокот, што позитивно влијае на желбата и уживањето.
Мед
Медот го регулира нивото на хормони и азотен оксид во телото што го зголемува протокот на крв при текот на возбудувањето.
Авокадо
Авокадото, како лосос, и ореви е богат со омега 3 заситени масти, а благодарение на нив нашите крвни садови стануваат еластични. Ова, од друга страна го подобрува протокот на крв во сите органи, па и половите.