8 стилски правила за летен стил на модниот експрерт Верица Ракочевиќ: Можете да сте секси и убави на која било возраст

Добивај вести на Viber

Нејзиниот стил не се дефинира според возраста!

Сигурно сте слушнале за модното правило кое вели дека жените по 50-тата година не треба да носат ништо кратко - ниту мини здолништа, ниту шорцеви. Па, тоа не важи за неа!

Познатите жени се тука да не инспирираат и да ни покажат дека треба да се прекршат сите правила. Една од нив е и модната дизајнерка Верица Ракочевиќ, која со својот летен стил од ден на ден не воодушевува.

1. КОШУЛА И КРАТКИ ПОРЦЕВИ

View this post on Instagram

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)


Кратки бели шорцеви, дизајнерката искомбинира со лелеава, долга сина кошула, која мириса на море - исто како додатоците што ги избра.

Плетената капа е летен додаток што мора да се има, заедно со очилата за сонце и трендовските бели влечки.

„Можете да бидете секси и убави на која било возраст. Напротив, можете да се чувствувате како никој и да се криете во оковите на сопствените комплекси во цутот на 18-тите. Не, тоа е во самосвеста и внатрешната хармонија“, ја цитираше Верица славната Ким Катрал.

2. ХРАБАР ДЕЗЕН

View this post on Instagram

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)


Летото е време кога можеме да си играме со бои и дезени. Излезете од монохроматските комбинации и прегрнете ги похрабрите дезени во светли бои. Ќе блеснете!

3. СВИЛЕН КОМПЛЕТ


Сатенски или свилен комплет „ала пижами“ веќе неколку години е на врвот на светските трендови. Верица го избра својот сет во природна нијанса, а овој модел ги „толерира“ и најживописните дезени, па ако сте похрабри, може да си поиграте со комбинации.

4. ЛЕТЕН КОСТУМ


Оделото е задолжително. Дури и во лето. Верица тоа добро го знае, па затоа оваа комбинација на нејзиното бело сако и широки панталони со пруги е хит!

5. РОМАНТИЧЕН ФУСТАН

View this post on Instagram

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)


Моделот на овој фустан им одговара на жените секоја градба, па не би било лошо доколку имате барем еден ваков модел во вашата гардероба кој лесно ќе го носите и навечер и со штикли и рамни сандали. Можеби дури и со патики?

6. ЦРН ФУСТАН

View this post on Instagram

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)


Верица Ракочевиќ знае што е основата на добриот стил, а тоа е секогаш, ако не на прво место - црн фустан.

7. МИНИ ФУСТАН


Иако сите жени на нејзина возраст не се слободни да носат толку краток фустан, оние кои сакаат, нека го сторат тоа! Затоа што е одлично!

8. НЕОН ЗА ПЛАЖА


Верица знае и како да се издвои од толпата на плажа. Неонски жолт фустан со тенки прерамки е токму она што можете да го ископирате од оваа позната модна дизајнерка.