9 пораки за мајките кои очекуваат второ дете

Добивај вести на Viber

Сара Брегел е авторка, блогерка, инструкторка по јога и мајка. Своето прво дете го родила во 2010 година и сфатила дека никој не сака да зборува за породувањето, бебињата и животот на родителите. Отогаш, интезивно пишува и го споделува своето искуство. Сара има две деца, четиригодишно девојче и момче, а одлучила да напише писмо на пријателка која чека второ дете. Во писмото објаснува какви прашања си поставуваат мајките и го опишала нејзиното искуство.
  1. Вашето второ бебе може да биде потполно различно од првото                                                      Без разлика дали станува збор за спиење, навики или однесување пробајте да не мислите дали второто дете ќе биде како првото. Она што сте го правеле за првото, можеби нема да го правите за второто дете.  Вдишите длабоко и заборавите што сте правеле со првото бебе.
  1. На вашето бебе ќе му бидат потребни други работи
Вие треба да бидете мајка која ќе одговара на способностите на детето. Ќе треба да се прилагодите и да бидете флексибилни, но ќе откриете дека сте она што им е потребно.
  1. Помалку ќе спиете
Не сакам да ве плашам, но ќе изгубите дел од сонот. Истотака, ќе треба да се грижите за големото дете, така што ќе бидете уморни.
  1. Вашето повозрасно дете навистина ќе изгледа повозрасно
Вашето повозрасно дете, ќе ви изгледа повозрасно. Ќе може да се грижи за себе и за второто дете. Ќе може само да трча, да оди во тоалет, ќе седи пред телевизорот за да гледа телевизија, а за вас тоа ќе биде добро.
  1. Првото дете ќе има повеќе потреби
Вашето прво дете може да има поголеми потреби. Неговите потреби ќе ги чуствувате како неопходни бидејќи ќе покажува повеќе емоции отколку новороденчето. За среќа, ќе може да го прегрнете и додека го храните помалото бебе.
  1. Убаво е да имате помош и од друга личност
Не е проблем ако побарате помош. Научени сме се сами да правиме, но не треба така да се однесуваме. Ако ви треба – еден час да преспиете, некој да ви ги измие садовите, тоа е сосема во ред.   7. Треба да имате трпение Кога ќе се почуствувате како единствена жена  која се грижи за се, треба да пронајдете малку трпение.
  1. Ќе бидете среќни кога ве бидите дека вашите деца се сакаат
Откако станав мајка по втор пат,  за мене ова беше најголемо изненадување. Не очекував дека ќе бидам толку среќна кога сфатив дека моите деца се сакаат.
  1. Ќе направите се да биде супер
Вие сте неверојатна мајка на едно дете. Другото дете ќе биде среќно како и вие. Повторно ќе станете мајка и повторно ќе поминете низ истото. И немој да заборавите дека вие тоа го можете.