А, некогаш бев кршач на женските срце: Борко Ристовски покажа што прави откако му се роди второто дете (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Покажа дека работите сега се поинакви...

Познатиот ракометар Борко Ристовски на крајот на јануари по втор пат се оствари во улогата на татко. Неговата сопруга, Нина на свет ја донесе нивната ќерка Анастасија, која се роди на христијанскиот празник Свети Атанасиј.

Пресреќни, на почетокот на февруари, наследничката си ја однесоа дома, а сега, неколку дена подоцна Борко сподели стори со кое ги насмеа своите следбеници на Инстаграм.

Имено, ракоментниот репрезентативец сподели фотографија на која ја држи мала Анастасија, покрај која напиша: „А, некогаш бев кршач на женските срце“.

Со ова Борко посочи дека за разлика од порано, сега слободното време го поминува со своето семејство и децата, наместо да се забавува до раните утрински часови.

Инаку, Борко и Нина го имаат и синот Душан.

фото: Принтскрин / Инстаграм