„А ти како машка глупача...“: Северина му испрати брутална порака на поранешниот сопруг Игор Којиќ - а не го ни спомна неговото име
Северина Вучковиќ неодамна настапи на еден свој настап одлучи да промени еден дел од песната „Мили мој“, а со тоа и да го „запали“ поранешниот партнер Милан Поповиќ со кој има син и со кој со години е на суд, а го „поткачи“ и поранешениот сопруг Игор Којиќ.
„Мили мој, како не сфати претходно, кога ми ги испрати тие огромни тужби на моја адреса. А ти „машка глупача“ за него прекрасно патеше“, гласеше модифицираната верзија на нејзиниот хит, пренесува Спрски Курир.
Да потсетиме, неодамна главна вест во медиумите ширум регионот беше дека бившите ппартнери на Северина, Игор и Милан, започнале да се дружат.
Пејачката никогаш не сакала да зборува на таа тема, дури и кога била замолена да ја искоментира заедничка фотографија на Милан и Игор од нивниот одмор.
-Мене прва асоцијација ми беше песната „Прегрнати“ на Франо Ласиќ. Мислев, Боже, нивната средба е нереална, исто како во стихот: Се гушкавме, тоа се случи наеднаш... Погледнете колку се неочекувани Божјите патишта, изјави Северина за српските медиуми.
Фото: Severeina/instagram