Аца Лукас во болница: Поради влошена здравствена стостојба откажа настап во Црна Гора
Фолкерот Аца Лукас пред два дена итно бил примен во Ургентниот центар поради здравствени проблеми.
За жал, неговата состојба не е подобрена, што доведе до потреба да се откажат сите претстојни настапи.
Еден од термините на концертот бил закажан за вчера, во клуб во Црна Гора, но организаторите ја информирале јавноста за откажувањето на овој настап поради лошата здравствена состојба на пејачот.
- Ве известуваме дека концертот на Аце Лукас, кој беше закажан за 31.07.2024 е откажан поради здравствени причини на изведувачот. Одлуката за откажување не е донесена лесно, но приоритет е безбедноста и благосостојбата на пејачот - се вели во соопштението на клубот.
Од клубот изразија жалење за ваквиот неочекуван развој на ситуацијата и им се заблагодарија на сите за разбирањето и поддршката.
Во моментов не се знае колку ќе трае паузата на пејачот, ниту пак кога ќе може повторно да настапи.
Фото:Извор: Тelegraf.rs