АДРИЈАНА АЛАЧКИ СО ЕМОТИВНАТА ПОРАКА И ГО ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕНОТ НА ЌЕРКАТА: Учам од тебе, сине

Добивај вести на Viber

Со емотивна порака на нејзиниот фејсбук-профил, Адријана Алачки и го честиташе роденденот на својата ќерка, Грациела. Пејачката, автор и водител на емисијата „Вкусот на традицијата“,и претседател на асоцијацијата на готвачи „Гастромак“ вели дека роденденот на ќерката го прославиле во домашна атмосфера.

„Вчера ја чував внуката Јана. А денес, синот Баже и јас и честитавме на Граци, прославивме во домашна атмосфера, и таа традиционално дуваше свеќички. Но, сепак, Грациела роденденот ќе си го прослави уште еднаш, на романтична вечера, со сопругот Игор“, ни изјави Алачки сношти.

Адријана со ќерката Грациела кога била бебе


На својот фејсбук-профил, таа за ќерката напиша:

„Граци сине, ти си мојата причина за среќа и за постоење. Ти си мојот најголем успех. Доаѓам во состојба, од она тоа што си ТИ денес: човек, мајка, сопруга, реализирана професионално, да учам јас од тебе сине. Си ги препознавам моите успеси и грешки следејќи те тебе како мајка, како жена, со сите вредности. Можам да кажам со еден збор, ти благодарам ќерко моја што со крената глава одам секаде. Ти си мојот образ и чистина. Да си ми здрава и жива и биди среќна бескрајно со твојот пород и семејство. Среќен роденден душа мајкина“, објави Адријана.

Грациела со ќерката Јана


Во проектот „Вкусот на традицијата“, таа сними повеќе од на 800 емисии, зготви стотици македонски традиционални рецепти, а нејзин заштитен знак стана она: мх, мх, мх, откако ќе го проба зготвеното јадење. Алачки е автор на книгата „Македонски традиционален готвач“, за кој вели дека и е во план да издаде и второ издание. Нејзината најголема љубов се децата Грациела и Баже и двеиполгодишната внука Јана.

Милица Џаровска