„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ и д-р Баџаков добија меѓународна потврда како промотори на современ хируршки третман во гинекологијата

Добивај вести на Viber

Д-р сци мед. Никола Баџаков од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, гинеколог хирург е дел од значајната меѓународна студија SUCCOR Study, објавена во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија. Впрочем „Аџибадем Систина“ е единствената приватна болница која е дел од оваа студија, а преку својот етаблиран гинеколошки тим предводен од д-р Баџаков всушност е и единствена приватна институција во Европа која изведува минимална инвазивна хирургија кај онколошките пациенти со презентирање на своите резултати. Докторот Баџаков е промотор на овој радикален пристап за оперативно решавање на инвазивниот карцином на грлото од матката, во Македонија, кога станува збор за гинекологијата и во „Аџибадем Систина“ се применува од 2007 година. Неговото учество во студијата е доказ пак, дека неговите следења во современата хирургија се решение кое светот го прифаќа. Ова инаку е интернационална студија, спроведена од професор Луис Чива од Универзитетската клиника Навара во Шпанија. Во неа учествуваа 1272 пациенти, 125 институции, кои спроведуваат радикални гинеколошко-онколошки оперативни зафати од 29 европски земји, меѓу кои и д-р Баџаков и Аџибадем Систина. Иако е приватна болница, беше прифатена да учествува во значајната, научна, компаративна европска студија, што претставува реткост. Цел на студијата беше да се утврди дали има разлика во онколошките резултати по интервенциите изведени со отворена или минимално инвазивна хирургија (лапароскопија или роботска).

„Меѓународната студија – SUCCOR Study е потврда дека моите следења на современата хирургија се прифатени како решение во светот. Таканаречената минимална инвазивна хирургија со одредени модификации кај онколошките случаеви има исти резултати како и отворената хирургија. Оваа студија стави круна на сето она што јас го работам од 2007 година. Се докажа дека минимално инвазивната хирургија (скратен престој во болниците, намалена крво загуба, редуцирана примена на лекови, брзо враќање во социјалниот и работен живот, побрза примена на адјувантна терапија каде што треба). Затоа таа е иднината на современата оперативна медицина. Ова значи дека ние сме промотори, но продолжуваме и докажуваме дека имаме перфектни онколошки резултати во гинекологијата, вели д-р Баџаков.

AcibademSistina Dr Nikola Badjakov

Како промотор на третманот вели дека ова е престиж за него, но и за болницата која е референтен центар каде може да се третираат сите гинеколошки онколошки проблеми и останати со бенигна патологија и урогинекологија.

„Пациентите во светот помалку одат на отворена хирургија, дури и осигурителните компании во светот ги покриваат само овие интервенции, односно ги поддржуваат болниците кои изведуваат само ваков хируршки пристап, додава д-р Баџаков.

Тој ја промовираше оваа метода на сите конгреси, симпозиуми како повикан предавач на кој учествуваше. Станува збор за сложен пристап кој може да се изведува само од стручњаци со експертиза и во врвни клиники.

AcibademSistina Dr Nikola Badjakov

Публикацијата со добиените резултати од експертската SUCCOR студија објавени во Int J Gynecol Cancer 2020, покажа дека нема разлика во онколошките параметри (рецидив на болеста и преживувањето) кај лапароскопијата споредена со отворената хирургија, ако не се употребува утерини манипулатор за време на интервенцијата. Др. Баџаков од Аџибадем Систина, кој има огромно практично, оперативно искуство, не применуваше манипулатор, го изведуваше зафатот со своја модификација, маневар за спречување малигните клетки да се расејуваат, техника која воопшто не влијаела негативно на добиените онколошки резултати