Ве информираме дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работи со полн капацитет и на сите оддели непречено нуди здравствени услуги за сите пациенти.
Ургентниот центар за возрасни и педијатрискиот ургентен центар и натаму работат 24 часа секој ден во неделата.
Во услови на прогласена пандемија на Ковид-19 (коронавирусот), Клиничката болница „Аџибадeм Систина“ ги презема сите засилени мерки и протоколи за заштита на пациентите и вработените.
Прегледите се закажуваат како и вообичаено преку Контакт центарот (02 30 99 500).
Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид-19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу Вас. Нашата грижа за Вашето здравје продолжува.