Аџибадем Систина става пет мобилни болници на располагање на граѓаните на Македонија

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина„ покрај сите свои слободни капацитети и респираторни машини кои по потреба ги стави на располагање на граѓаните на Македонија, по претходен договор со Министерството за здравство, дополнително располага и со мобилни болници со кои ќе ги зајакне капацитетите за сместување на пациенти.


„Аџибадем Систина„ располага со 5 мобилни болници – шатори кои може да се транспортираат низ целата територија на земјата. Мобилните болници имаат сопствен приклучок на струја, а во истите по потреба ќе се инсталираат респираторни машини и сета друга неопходна медицинска поддршка за третман на пациентите. Овие 5 мобилни болници се опремени со кревети оддалечени на растојание од 2 метра и нивниот вкупен капацитет е 70 легла.


Овие мобилни болници доколку се јави потреба целосно ќе бидат на располагање на граѓаните на Македонија заедно со медицинскиот тим на „Аџибадем Систина„.

Наш приоритет е здравјето на сите граѓани и грижата за нив.