Агнеса згодна како никогаш досега: Инфлуенсерката мами воздишки, а праќа ли и скриена порака дека не може било кој да ја има?

Добивај вести на Viber

Скопјанката Агнеса Органџиева која е меѓу најпознатите модни инфлуенсерки кај нас со секоја нова фотографија споделена на социјалните мрежи е сѐ позгодна.

Таа мами воздишки и погледи кај и да се појави, а со последната објавена слика на Инстаграм испрати и интересна порака.



Зошто розата има трње? За да не може било кој да ја има.

Римската легенда раскажува за преубавата Роданте за чија рака жестоко се бореле бројни јунаци кои во занес на кавгите и борбите за неа ја искршиле вратата на нејзината прекрасна градина. Тоа однесување предизвикало голем гнев кај божицата Дијана. За да ја казни, Убавата Роданте ја претворила во роза, а додворувачите во трње.-напиша Агнеса покрај фотографијата на која позира држејки црвено розеви рози.

Дали со истата сака да испрати и скриена порака, проценете си сами.


Сепак она што во последно време изненадува и задржува внимание е физичкиот изглед на Агнеса.

Ослабена, стегната и многу згодна. А тело ремек-дело таа прави со макотрпно вежбање секојдневно.


ФОТО: Инстаграм